Косово
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ова е недовршена статија за географија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |
Официјални јазици | албански, српски, турски |
Главен град | Приштина |
Површина – Вкупно – % вода |
10,887 км² н/д |
Население – Вкупно (2003) – Густина |
2.0 - 2.2 милиони (проц.) 185/км² (прибл.) |
Етнички групи (2003) |
Албанци: 88% Срби: 7% Други: 5% (меѓу кои и Македонци познати под името Горанци) |
Временска зона | UTC +1 |
Авионски превозник | Kosova Airlines |
Косово (српски: Косово и Метохија / Kosovo i Metohija, албански: Kosova), на македонски најчесто нарекувано само Косово, е автономна покраина на Србија. Се наоѓа во југо-западниот дел на Србија, а се граничи со Македонија на југ и со Албанија и Црна Гора на запад.
Содржина |
[уреди] Косовскиот спор и војната од 1999 година
Косово е предмет на тековен територијален спор меѓу српската влада и албанското мнозинско население во покраината. Тоа е дел од Србија, но по Косовската војна од 1999 година е управувано од Обединетите Нации како протекторат. Албанското население ја нарекува покраината Република Косово од 1990 до 1999 и прогласува независна држава, иако таа е призната само од Албанија. Финалниот статус на покраината сè уште не е определен. Транзициониот Претседател на Косово е Фатмир Сејдиу.
[уреди] Население
Официјален попис на населението на Косово немало уште од 1989 година кога Косово броело 1677000 жители, од кои Албанци биле 77,42%, Срби биле 13,22%, Муслимани (Македонци т.е. Горанци и Бошњаци) 3,70%, Роми 2,15% итн. Косово имало и најголем природен прираст на населението во поранешната СФРЈ со 25,3% (наталитет 31,8%).
Но по косовската криза во 1999 година етничкиот состав на покраината е драстично променет, поради протерувањето на околу 200000 Срби и друго неалбанско население. Денес бројот на жителите на Косово се проценува дека е околу 2,2 милиони од кои Албанците се 88%, Србите 7% итн.
Во областа Гора во крајниот југо-западен дел на Косово живее и Македонска национална зедница позната под името Горанци.
[уреди] Историја
Територијата на Косово била населена уште од антички времиња. На територијата на Косово во антиката опстојувала државата Дарданија која била населена со античкиот народ - Дарданци. Во времето на македонскиот цар Филип II Македонски (таткото на Александар Македонски) Дарданија била освоена и приклучена кон Македонското царство.
Со доаѓањето на Словените на Балканот, Косово ќе стане еден од центрите на православието и словенската писменост. За време на средниот век Косово било дел од средновековните српски држави на царот Душан и царското семејство Немањиќи и во тоа време се изградени најголем дел од манастирите на Косово и Метохија, како што се манастирите Грачаница, Дечани итн. Во градот Пеќ во Метохија подоцна ќе биде формирана Пеќката патријаршија.
Кон крајот на XIV век на Косово ќе се одигра една од најголемите битки со Турците - Османлии. Во 1389 година на Косово Поле на местото Газиместан ќе се одигра познатата Косовска Битка во која српските кнезови ќе бидат поразени од страна на Турците, а Милош Обилиќ ќе го убие султанот Мурат во неговиот шатор. Денес на Газиместан се наоѓа спомен костурница од битката и турбе на султанот Мурат.
Со доаѓањето на Турците започнуваат процесите на исламизација и првите доселувања на Албанците на Косово, кои ќе земат пошироки размери кон крајот на XIX век. За време на османската власт Косово се стекнува со статусот Косовски Вилает. За време на Балканските војни, српската војска повторно ќе води битка со Турците на Косово за негово приклучување кон кралството Србија.
За време на Втората светска војна, поголемиот дел на Косово ќе потпадне под италијанска окупација (подоцна под албанска), а мал дел (југо-источниот дел) во околината на Урошевац и Гњилане ќе биде под бугарска окупација. Во градот Призрен во Метохија ќе биде потпишан познатиот договор „Призренска лига“ за формирање на албанската фашистичка организација Бали Комбтар.
Во 1963 година Косово се стекнува со статусот „социјалистичка автономна покраина“ на Србија и Југославија, и во нејзе покрај српскиот официјален јазик ќе стане и албанскиот. Со здобивањето на овој статус се направени значајни чекори во развојот на Косово, бидејќи се отворени универзитет, тетари и други културни и научни установи на албански јазик. По смртта на Јосип Броз - Тито, во 1981 година ќе се случат познатите студентски демонстрации кои подоцна ќе прераснат во општонародни демонстрации со барање Косово да добие статус на седма република во Југославија. Со доаѓањето на Слободан Милошевиќ за владин претставник во Косово и неговиот говор на Газиместан по повод 600-годишнината од Косовската битка тензиите меѓу косовските Албанци и српските власти уште повеќе ќе нараснат, што ќе резултитра со почеток на воените судири во 1997 година.
Со воената интервенција и бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија во 1999 година, на Косово се стационираат силите на меѓународната заедница и Косово се здобива со статус на „меѓународен протекторат“. Во тек се преговорите за статусот и иднината на Косово.
[уреди] Географија
Релјефот на Косово е составено од двете големи котлини Косово или Косово Поле (во централниот и и источниот дел) и Метохија (во западниот дел) кои се одделени со висорамнината Дреница и планината Црнољева. На запад од Метохија кон границите со Албанија и Црна Гора се издигнува планинскиот масив Проклетије со највисокиот врв Ѓаравица со 2622 метри (највисок во Србија), на масивот се надоврзува планината Паштрик. На југ кон границата со Македонија се издигнува Шар Планина.
Реките на Косово даваат вода на три речни слива: јадранскиот, егејскиот и црноморскиот. Јадранскиот слив е претставен преку целиот речен слив на реката Бел Дрим во Метохија, црноморскиот преку реките Ибар и Биначка Морава во Косово, а егејскиот слив е претставен преку реката Лепенец која се влива во Вардар во Македонија во близината на селото Злокуќани кај Скопје. Реката Неродимка е единствената река во Косово која по пат на природна бифуркација дава вода и на егејскиот и на црноморскиот речен слив.