Црна Гора
Од Википедија, слободна енциклопедија
|
|||||
Официјален јазик | Српски (ијекавски дијалект) | ||||
Главен град | Подгорица | ||||
Претседател | Филип Вујановиќ | ||||
Премиер | Мило Џукановиќ | ||||
Популација - Вкупно (2005) - Густина |
|||||
Независност - 21ви Мај 2006 |
|||||
Валута | Евро | ||||
Национална химна | Ој, свијетла мајска зоро | ||||
Интернет код | .yu | ||||
Телефонски код | 382, и користење на 381 до февруари 2007 |
Република Црна Гора е мала, планинска држава на Балканот, на Јадранско Море. Според нејзиниот устав таа е демократска, социјална и еколошка држава. Црна Гора, просторно и по бројот на жители најмала република од поранешна СФРЈ, географски припаѓа на среден Медитеран, односно Јужна Европа. Се простира на речиси 14.000 километри и според податоците од 1998 години во неа живеат повеќе од 650.000 жители.
Со Уставот на Црна Гора од 1992 година Цетиње е прогласено за престолнина, а Подгорица за главен град.
На југоисток Црна Гора се граничи со Албанија, на југ од Италија ја дели Јадранското Море, а на запад соседи и се поранешните југословенски републики Хрватска и Босна.
Повеќе векови Црна Гора била де факто независно кнежество владеена од повеќе династии. Републиката се здобива и со де јуре меѓународно признавање на нејзината независност, по Источната Криза (1875 - 1878), на Берлинскиот Конгрес. На 28 август 1910, црногорскиот кнез Петар Петровиќ Његош се прогласува за крал. Помеѓу 1945 и 2003 Црна Гора е република на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Сојузна Република Југославија, респективно, а од 2003 до 2006, составен дел од Србија и Црна Гора. По одржаниот референдум на 21 мај 2006 година и по мнозинското изјаснување за независност, Црна Гора на 3 јуни ја обнови својата независност. Според официјалните податоци вкупно 55,5% од граѓаните со право на глас, гласале за независнот од постоечката државна заедница.
Земјата граничи со Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина (Република Српска) и Албанија и српската покраина Косово.
Поголеми градови во Црна Гора се: главниот град Подгорица (139.100 жители), Никшиќ (61.700), Плевља (18.800) и Бијело Поле (17.100). Поранешниот кралски главен град е Цетиње.
[уреди] Етнички состав
- 40,64% Црногорци,
- 30% Срби,
- 9,41% Бошњаци,
- 7,09% Албанци,
- 4,27% муслимани,
- 1,05% Хрвати и
- 0,43% Роми.
[уреди] Вероисповед
- 69,1% православни,
- 19,1% се припадници на исламската вера,
- 4,4% се католици и
- останати - 7,4%.
[уреди] Надворешни врски
Ова е недовршена статија за географија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |
Земји во Европа |
---|
Австрија | Азербејџан | Албанија | Андора | Ерменија | Белорусија | Белгија | Босна и Херцеговина | Бугарија | Ватикан | Германија | Грузија | Грција | Данска | Естонија | Ирска | Исланд | Италија | Кипар | Летонија | Литванија | Лихтенштајн | Луксембург | Малта | Молдавија | Монако | Норвешка | Обединето Кралство | Полска | Португалија | Република Македонија | Романија | Русија | Сан Марино | Словачка | Словенија| Србија | Турција | Украина | Унгарија | Финска | Франција | Холандија | Хрватска | Црна Гора | Чешка | Швајцарија | Шпанија | Шведска |