Временска зона
Од Википедија, слободна енциклопедија
Временска зона е регион на Земјата кој има усвоено исто време, кое вообичаено се нарекува локално време. Најголемиот број временски зони се разделени со по еден час, и со конвенција го пресметуваат своето време спрема Гринич.
Стандарните временски зони се дефинираат со геометриска поделба на Земјиниот сфероид, на 24 парцели, кои се граничат со меридијани секој од по 15° лонгитуда. Локалното време на соседните зони е точно еден час плус или минус. Сепак политички или географски прилики некогаш побаруваат зоните да се неправилно поделени, за да пратат политички граници или повремено да го менуваат своето време (зимско и летно сметање на времето).
Пред користењето на временските зони, луѓето користеле локално соларно време.