Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Македонци - Википедија

Македонци

Од Википедија, слободна енциклопедија

Оваа страница е заштитена од понатамошни измени на анонимни корисници, поради сомнителни придонеси на анонимни корисници кои треба да се дискутираат на страницата за разговор.
За да ги видите претходните верзии, кликнете на врската историја.


Македонци
Вкупен број на населението околу 3,5 - 4 милиони
Региони каде што живее етничката група Република Македонија:
   1 297 981 (2002 попис)

Албанија:
   4 697 (1989 попис)
Австралија:
   81 899 (2001 попис)
Австрија:
   5 145 (2001 попис)
Босна и Херцеговина:
   2 278 (2005 попис)
Бугарија:
   5 071 (2001 попис)
- види Македонци во Бугарија

Канада:
   31 265 (2001 попис)
Хрватска:
   4 270 (2001 попис)
Франција:
   2 300* (2003 процена)
Германија:
   61 105* (2004)
Грција:
   962* (2001 попис) -
- види исто така

Италија:
   58 460* (2004 попис)
Србија:
   25 847 (2002 попис)
Словенија:
   3 972 (2002 попис)
Швајцарија:
   6 415 (2000 попис)
САД:
   42 812 (2002 попис)

Јазик македонски
Религија македонско православие, ислам, протестантизам
Поврзани народи • Словени

  • Јужни Словени
   • Источна група
     • Македонци
      • Торбеши

      • Горани

Македонците се народ најброен во Република Македонија кој што живее и во поширокиот регион Македонија. Тие го зборуваат македонскиот јазик.

Содржина

Етногенезата на македонскиот народ

Македонците се автохтоно население кое и покрај етногенетскиот процес на мешање со други народи, сепак има задржано многу црти од своите антички предци. Според некои македонски историчари, особено од Драган Ташковски и Александар Донски, се искажува тврдењето дека денешниот македонски народ е создаден преку етногенетски процес на мешање меѓу македонските словенски племиња и античките Македонци кој траел доста долго, а започнал со доаѓањето на Словените на Балканот во V и VI век. Ова тврдење е докажано и со низа ентнолошоки, културолошки (фолклористички), антрополошки и генетски истражувања кои сведочат за автохтоноста на Македонците [5]. Некои историчари сметаат дека сомнително е и самото тврдење дека Македонците се словенски народ, бидејќи, како што велат тие, за тоа нема археолошки докази.

Според поголем број странски автори[се бара извор], со доаѓањето на Словените настанал драматичен пресврт во етничкиот состав на Македонија, како и на Балканот, воопшто. Постојат извори кои укажуваат дека некои словенски племиња продреле на југ дури до Пелопонез.

Национални пројави кај Македонците

Долго време поради стегите и пропагандите на црквите и тогашните царства кои биле водени од Грци, Бугари и Срби, Македонците немале изградено своја силна национална свест. Па затоа многу Македонци поради силната пропаганда се декларирале за Бугари или Срби (некои и за Грци, сметајќи ги Македонците за словенизирани Елини) во зависност какво училиште (бугарско, српско или грчко) и која црква ја посетувале.

Покрај силните странски национални пропаганди, во Македонија постоеле Македонци кои сметале дека не се ниту Срби, ниту Бугари, туку дека се посебен словенски народ - Македонци, потомци на Античките Македонци на Александар Македонски (кого го сметале за Словен). Докази за тоа се изјаснувањата на војниците од Македонскиот полк во Русија, кои во своите документи при пристигнувањето во Русија во 1752 година, запишувале дека се од Македонската нација.[1]. Подоцна во времето на Разловечкото и Кресненското востание во периодот на 1875 и 1878 година востаниците себеси јасно се декларирале како Македонци припадници на Македонскиот народ кој е посебен словенски народ различен од Бугарскиот и Српскиот. Доказ за ова е Уставот на револуционерниот комитет на Кресненското востание напишан од Димитар Поп-Георгиев Беровски во кој јасно се говори дека во Македонија живеат Македонци христијани и муслимани и во кој е зацртано создавање на македонска држава.

Меѓутоа во тек на XIX и XX век, засилено започнала Македонската национална преродба која резултирала со создавање Македонска држава по Втората светска војна.

Број на Македонците во Македонија и светот

Според некои извори се смета дека севкупниот број на Македонци во светот е околу 3 500 000 до 4 000 000. [2]

Бројот на Македонците во Македонија

Според последниот попис на насленито во Република Македонија во 2002 година бројот на Македонци во државата е 1 297 981 (64,18%). Меѓутоа, во некои кругови постои резервираност спрема во оваа бројка, при што се истакнува податокот дека бројот на Македонци во пописните години 1991 и 1994 бил 1 328 187 односно 1 378 687 такашто нереално е нивниот број за само 8 години да опадне за околу 100 000 луѓе. Причините за ова тие го бараат во попишувањето на Македонците - муслимани како Албанци. Здружението на Македонци со исламска вероисповест официјално протестираше поради ова, бидејќи според нив, при попишувањето на населението, Македонците-муслимани биле попишани како Албанци, против нивната волја.

Меѓутоа вистинскиот број на Македонци во Република Македонија е 1 401 897 - под овој број се сметаат сите Македонци по народност (националност) без разлика на вероисповест. (овој број се добива ако се види процентот на Албанците и Турците попишани со мајчин јазик Македонски во неколку општини населени претежно со Македонци муслимани).

Бројот на Македонците во странство

За вистинскиот број на Македонци во странство (не вклучувајќи ги соседните држави), се шпекулира од 550 000 до 1 000 000 луѓе, најмногу населени во САД, Австралија, Канада, Германија, Швајцарија, а во помал број и во Италија, Австрија па дури и во Аргентина и Јужно Африканска Република .

Етнички територии и Македонци по потекло

Во соседните земји односно во Пиринска Македонија, Егејска Македонија, Мала Преспа, Голо Брдо (етнички територии на Македонија), Гора (македонска етничка територија поделена меѓу Албанија и Косово) и во Србија живеат околу 600 000 Македонци по потекло, иако дел од тие се го загубиле националното чувство поради многу силните репресии и пропаганди од страна на државите во кои живеат (Бугарија, Грција, Албанија) и во различни пописи и документи декларираат друга национална припадност додека ги чуваат Македонските традиции, јазик и родови врски. Некои извори [3]дават број на Македонците по потекло во Бугарија меѓу 1 000 000 и 3 000 000 луѓе. Вака целосниот број на Македонците по потекло во соседните земји може да се зголеми до 3 400 000 луѓе. (Види Македонците во Бугарија)

Јавно мислење за Македонците во странство

Јавното мислење во Република Македонија смета дека државата треба повеќе да се заинтересира и заложи за своите сонародници бидејќи постои опасност за изумирање на македонскиот јазик и народност воопшто во тие краишта, а соседните држави треба да престанат со националистичката политика и да ги почитуваат човековите и малцинските права на Македонците.

Национални симболи

Шеснаесет-зрачното сонце од Кутлеш национален симбол на Македонскиот народ
Зголеми
Шеснаесет-зрачното сонце од Кутлеш национален симбол на Македонскиот народ

За македонски национален симбол се користи шеснаесет зрачното сонце од Кутлеш (Вергина) кое било симбол на античките Македонци во минатото, а се забележува и во повеќе цркви и манастири во Македонија. Националното знаме на Македонците е (жолто) шеснаесет зрачното сонце од Кутлеш на црвена основа што всушност беше државно знаме на Република Македонија од 1991 до 1995 година. Овој симбол е општопрфатен како македонски национален симбол насекаде каде што живеат Македонци, а исто така се користи и како симбол на македонските партии и организации во странство (околните држави) и во Македонија.

Во одредени кругови за македонски симбол се смета и лавот (жолт лав на црвена основа) кој бил симбол и на Античка Македонија, но и на македонските револуционери. Денес овој симбол го користат повеќе политички партии во Република Македонија.

Македонски национални дејци

Како најзначајни македонски национали дејци и луѓе кои први проговориле за националната посебност на Македонците се Крсте Петков Мисирков, Димитрија Чуповски, Наце Димов и останатите членови на Македонското научно-литературно другарство. Тие не само што јасно ги потенцирале разликите меѓу Македонците и Бугарите, Србите и Грците туку и се залагале за создавање независна автономна држава Македонија која треба да биде национална држава на Македонците, за што сведочат нивните меморандуми до руските и европските министри и дипломати, изработката на македонски буквари, организирањето на сесловенски конгреси со цел признавање на Македонците како посебен народ итн. Друг познат македонски национален деец е Димитар Влахов.

Видете исто така

Извори

  1. Според автентични податоци од книгата „Македонскиот полк во Украина“ од Др. Александар Матковски
  2. Оваа бројка (3 500 000 до 4 000 000 Македонци) може да се најде во учебникот за географија за 2 година реформирано гимназиско образование, од авторите Д.Василески, Б.Маркоски, Н.Панов, Н.В. Димитров и Ѓ.Павловски, издаден во 2002 година од Просветно дело, како и во “Македонците во светот и Македонската дијаспора“ од Славе Николовски-Катин издадена од Матица Македонска во 2003 година, а и во неколку броеви на неделникот Македонско Сонце и изданието “Македонија 1903-1944-1991“ издадено во многу мал тираж во 1995 година.
  3. На македонски [1] и на бугарски [2][3][4]

Надворешни врски

Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com