Македонија
Од Википедија, слободна енциклопедија
-
- Оваа статија се однесува на Македонија како поширок географски регион. За земјата, види Република Македонија. За други значења на поимот, видете Македонија (појаснување)
Ѕвездата од Кутлеш (Вергина) | |
На црвена подлога, употребувана во Македонија | |
На сина подлога, употребувана во Грција |
Македонија е етнички, географски и историски регион на Балканскиот Полуостров во југозападна Европа, со површина од 67,000 километри квадратни и население од 4.65 милиони жители (од кои 69,08% се Македонци). Територијата се совпаѓа со басенот што се простира од (од запад кон исток) реките Бистрица/Алиакмон, Вардар/Аксиј и Струма/Стримон (од кои Вардар наводнува далеку најголема површина) и рамнините околу Солун и Сер.
Регионот е поделен меѓу Република Македонија, со нешто повеќе од 38% од вкупната површина; Егејска Македонија или јужниот дел во составот на Грција, со речиси половина од површината и населението, и источниот дел е под Бугарија, со помалку од 10%, во провинцијата на Благоевград. Различните региони често се споменуваат како Вардарска Македонија за Република Македонија, Егејска Македонија за грчкиот дел и Пиринска Македонија за бугарскиот дел.
[уреди] Етимологија на името Македонија
Постојат најразлични толкувања за проникнувањето на името „Македонија“.
[уреди] Промакедонски толкувања
Македонскиот народ се нарекува себеси „Македонци“ по името на родоначалникот Македон кој ги обединил предмакедонските племиња и народи во еден народ.
Македонците се етнички супстрат од негрчките и индоевропски народи, чиј етнички состав го сочинувале некои среднобалкански народи и племиња, меѓу кои се вбројуваат: Бригите (Фригите), Енетите (Венетите), Пајонците, Пелагонците и други. Дел од Бригите потиснати со дорските миграции по Тројанската војна се отселува во Мала Азијa. Лингвистите забележуваат дека во јазикот на овие Бриги, во Мала Азија познати и како како Фриги (област Фригија), постои голема сродност со главнината на само стотината познати старомакедонски голоси (скромни останки од протогениот македонски јазик). Ова мислење го застапува и проф. Нада Проева и дава аргументи за тврдењето дека Македонците немаат дорско потекло, како што тврди на неколку места во својата историја, грчкиот антички писател Херодот.
Како што вели Џ.Р.Елис, така и грчкиот професор и археолог Фотис Пецас тврди дека Македонците уште пред да дојдат на просторот на Македонија, го имале своето име Македонци и тие на оваа територија која дотогаш имала друго име и го дале своето народно име. Конкретно проф. Пецас пишува: „Македонија го зеде името од Македонците. До 700 год. пред Христа, Македонците биле ограничени западно од планината Каракамен (Вермион) или јужно од Халиакамби. Големото море меѓу планините беше уште непознато за Македонците. Некаде околу 700 год. п.н.е ги запоседнаа источните падини на Вермион, како што учиме по Херодот. Ова големо поле меѓу Бистрица (Халиакум) уште не беше и не се викаше Македонија. Македонците се проширија до Вардар (Аксиос) малку подоцна како што учиме од Тукидид. Филип ја донесе Македонија до реката Места (Нестос) во 348 год п.н.е..“. ,,Она што не интересира денес“ – продолжува Проф. Пецас е „дека Македонците и го дадоа своето име на Македонија и ја проширија од планината Пинд и Олимп до места на исток и до Црна Река (Еригон) на север. Така, Македонците го дадоа името на својата земја. Името Македонци беше најпрвин народно, а потоа стана историографски поим Македонија”.
[уреди] Надворешни врски
- МакПортал, Портал за македонците во дијаспората
- Вистинска Македонија, податоци за Македонија
- HLA genes in Macedonians and the sub-Saharan origin of the Greeks, Генетско истражување (pdf формат)