Национална химна
Од Википедија, слободна енциклопедија
Национална химна е патриотска музичка композиција, која потсетува и се повикува на историјата, традицијата и борбата на народот на една земја, која е признаена од владата на една земја како официјална национална композиција, или конвенција преку широка употреба помеѓу народот.
Химните станале значајни во Европа во 19 век, се претпоставува дека најстарата е Холандска под името Вилхемлус (англиски: Њилхелмус), таа е напишана помеѓу 1568 и 1572, за време траење на 80 годишната војна. Со подемот на концептот на национална држава во 19 и 20 век, поголемиот дел од нациите прифаќаат и химни како исказ на нивното национално чувство. Заради колонијалното влијание на Европа и други територии во светот компонираат и прифаќаат музички нумери како национални химни. Само мал број држави имаат химни кои се различни од европскиот концепт и се поврзани со старите традиции и вредности во нивните општества како на пример, Јапонија, Коста Рика, Иран, Шри Ланка, и Мајанмар.
Поголемиот дел од нив во својтот стил инкорпорираат марш или традицоналистичка химна. Земјите од Латинска Америка, тежнеат кон оперски делови, додека мал број на земји користат само дувачки инструмент за да ја отсвират мелодијата на нивната химна. Химните по природа се кратки музички композиции и не траат подолго од 1 минута гледано во генерала.
Само мал број од светските химни се напишани и од познати композитори. На пример Француската "La Marseillaise" е напишана од Клод Жосеф Ругет де Лисле, додека химната на Обединетото Кралство "God Save the Queen" е напишана од непознат композитор. Мелодијата е позајмена од Германската Kaiserreich (1871 - 1918) "Heil dir im Siegerkranz".
Националните химни се користат во многу контексти. Се изведуваат на национални празници, фестивали, спортски манифестации и слично. На Олимписките игри, националната химна на добитникот на златен медал секогаш се изведува. Во некои земји химната се интонира пред почетокот на првиот школски час, со цел да се поттикне националното чувство. И голем број на радио и телевизиски станици ја свират химната кога се одјавуваат од програма.
Поголеми политички или групациски ентитети имаат свои химни покрај националните. Така на пример Европската Унија, ја употребува Ода на Радоста од Бетовеновата 9та Симфонија, како официјална химна на Европа. Обединетите Нации, и Африканската Унија исто така имат свои химни.
Република Македонија, својата прва химна ја добива во 1943 чиј композитор е Владо Малески. Користена е во склопот на СФРЈ, а по осамостојувањето е потврдена како официјална химна на Република Македонија.
[уреди] Видете исто така
- Листа на национални химни
- Листа на патриотски песни
[уреди] Надворешни линкови
- The World All Countries Anthems, страница за национални симболи, вклучувајќи и химни на сите нации.
- Колекција на национални и територијални химни.