Бугарија
Од Википедија, слободна енциклопедија
- Ова е статија за современата држава на Балканскиот Полуостров. За други значења на името види Бугарија (појаснување)
Гесло: Съединението прави силата! | |
Химна: Мила Родино | |
Главен град | Софија 42°41′ N 23°19′ E |
Најголем град | Софија |
Службен јазик | бугарски |
Влада | Парламентарна демократија |
- Претседател | Георги Прванов |
- Премиер | Сергеј Станишев |
Независност | 1878 од Османлиската империја |
- Оcновање | 681 Аспарух |
- Христијанизација | 865 Борис I |
- Автономија | 3 март, 1878 |
- Објавена | 5 октомври, 1908 (22 септември — стар стил) |
Пристап во ЕУ | 1 јануари, 2007 |
Површина | |
- Вкупно | 111 001 km² (102.) |
- Вода (%) | 0,3% |
Население | |
- 2003 | 7,801,929 (88.) |
- Густина | 69,5/km² (124.) |
БДП (ПКС) | 2005 приб. |
- Вкупно | $71,235 милијарди (66.) |
- По глава на жител | $9 600 (66.) |
ИЧР (2003) | 0,808 (55.) – висок |
Валута | Лев (BGN ) |
Временска зона | UTC +2 до +3 |
Интернет домен | .bg |
Повикувачки број | +359 |
Бугарија е република во југоисточна Европа. Граничи со Црно Море на исток, со Грција и Турција на југ, со Србија, Република Македонија на запад и со Романија на север. Северната граница, главно е по должината на реката Дунав, при што источниот дел на границата го зафаќа Добруџа. Бугарија зафаќа површина од 110 911 квадратни километри. Според административната поделба, земјата се состои од 28 области, од кои во Северна Бугарија припаѓаат: Видинска, Монтанска, Врачанска, Плевенска, Ловечка, Габровска, Великотрновска, Русенска, Силистренска, Разградска, Трговишка, Шуменска, Добричка и Варненска, додека области во Јужна Бугарија се: Бургаска, Сливенска, Јамболска, Старозагорска, Хасковска, Крџалиска, Пловдивска, Смолјанска, Пазарџичка, Благоевградска (или позната и како Пиринска Македонија), Ќустендилска, Перничка, Софиска и, како посебна област, се вбројува и градот Софија.
Главен град на Република Бугарија е Софија, 1 376 742 жители. Други поголеми градови се: Пловдив (378 000), Варна (352 000), Бургас (212 000), Русе (177 000), Стара Загора (163 000), Плевен (138 000), Добрич (115 000), Сливен (112 000).
Содржина |
[уреди] Население
Според најновиот попис, вкупното население во Бугарија е 7 928 901 жители. Густината на населеноста е 71,9 жители на квадратен километар. Природниот прираст има индекс 5. Средниот животен век на луѓето во Република Бугарија е следниот: за мажи - 68 години; за жени - 75 години. Етничкиот состав е претставен со повеќе етникуми, меѓу кои најбројни се Бугарите со 83.9% од вкупното население, потоа следат Турците со 9.4%, па Ромите со 4.7% и друго население, претставено со 2% (вклучувајќи Руси, Ерменци и други народи). Најбројна религија е православното христијанство, што може да се види од следнава листа: христијани - 87 % (од нив православни - 98,8 %, католици - 0,6%, унијати - 0,1%, протестанти - 0,3%, ерменогрегоријанци 0,2%; муслимани - 12,7% (од нив сунити - 92,9%, алевити - 7,1%, други - 0,3%).
[уреди] Македонците во Бугарија
- Главна статија: Македонците во Бугарија
Од 1 јануари в година македонските граѓани без визи ќе може да патуваат само во четири земји во Европа, поточно на Балканот - Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Турција. Во оваа група беше и Бугарија, но со влегувањето во ЕУ воведе и визи.
[уреди] Историја на Бугарија
Почетоците на современата бугарска држава се тесно поврзани со Бугарската Егзархија, Априлското востание од 1876, Цариградската дипломатска конференциjа од истата година и Руско-Турската војна од 1877 - 1878 година. Војната ја започнала Русија со оправдување за „ослободување на христијаните на Балканот од турското ропство“ по Априлското востание, кое било крваво задушено. Големите сили веке не вервали дека е можно без реформи да се зачуват мирот и добрите односи меѓу Турци и Бугари, али обидот тие да се помират со посебна конференциjа претрпел неуспех, бидеjки планот да се креират два автономни реона со границите на Бугарската Егзархија бил отфрлен од Османската Империjа. По многуте жестоки битки и бројни жртви во луѓе и материјални средства, руската армија успева да ја истисне турската војска од поголемиот дел од нејзините територии на Балканскиот Полуостров, а во опасност била и престолнината Истанбул. Немајќи друг излез, Османска Турција ги прифатила најтешките можни услови за постигнување на мировен договор. Русиja не ja завладеaла целата териториja на Турциja, зашто британската флота била пратена во Босфорот. Турциja се согласила, покрај Мизија и северна Тракија да ги отстапи поголемиот дел од Македонија. Овие територии требало да се вклучат во идната Бугарска држава, која требело да биде под силно политичко влијание на Русиja.
На 3 март 1878 во местото Сан Стефано, во близината на Истанбул, бил потпишан познатиот Санстефански договор, кој ги поставил темелите на идната бугарска држава скоро следејќи jа териториjата на Бугарската Егзархија. Овој договор не бил прифатен од Големите Сили поради стравот дека ваква голема словенска држава на Балканот би била слуга на руските интереси.
Само неколку месеци подоцна, во јуни 1878 година, во Берлин бил свикан Берлинскиот конгрес на кој било признато правото на Бугарија да постои како независно кнежество, но само во граници меѓу Дунав и Стара Планина и Софискиот санџак. Северна Тракија добила автономија под името Источна Румелија, со бугарска влада. Македонија била вратена под османлиска власт.
Во 1885 година Источна Румелија била приклучена кон Бугарија, а истата судбина ја дочекала и Пиринска Македонија во 1913 година.
Признавањето на одреден дел от територии на Балканот за бугарски преку опфатот на Бугарската Егзархија, Санстефанскиот договор (иако прелиминарен) и Цариградската дипломатска конференција ќе има долгорочни последици за бугарското општество. Тоа ќе има силно психолошко влијание врз бугарските политичари кои, поради него, Бугарија ја туркаа во конфликти со соседите, кои исто така претендираа на тие територии.
[уреди] Стопанство
Со пропаѓањето на комунистичкиот режим, заедно со него се растури и целиот економски систем на земјата. [1]. Дел од обработливите површини се запуштени и сега земјоделството во стопанскиот живот на земјата учествува со околу 10%.
Во почетокот на 90-те години, услужните дејности имаа удел од 25% , исто колку и земјоделството, а индустрија учествува во вкупното стопанство учествуваше со 60%. Сега услужните дејности зафаќаат околу 60% од вкупната економија, 10% е земјоделство, и околу 30% е индустријата. [2] Индустрискиот раст е 7% (2005) [3]. При приватизацијата и преструктуирањето на претпријатија од страна на новите сопственици имаше големи отпуштања на работници. Како резултат на тоа се зголеми невработеноста, која во одредени периоди достигнува и до 19%. Во последните години има реално намалување на невработеноста во Бугарија, што се должи на отворањето на нови работни места и во моментот изнесува 8,5%. Растот на вкупните инвестиции во последните седум години е просечно околу 23% годишно и за 2006 ќе достигнат 2,6 млрд долари, додека растот на реалните доходи за истиот период е околу 5,5% годишно.
[уреди] Трговска размена
До 1989 година Бугарија најмногу тргувала со поранешниот Советски сојуз (80%) и другите членки на Источниот блок, а многу малку со Европската унија (2%). Сега 50% од трговијата се одвива со Европската унија, 2.5% со САД, а останатиот дел со другите земји, меѓу кои е и Македонија.
[уреди] Туризам
Најголемите позитивни движења Бугарија ги бележи во развојот на туристичкото стопанство кое станува една од најзначајните стопански гранки и двигател на целокупниот стопански развој на земјата. Бугарија има можности за развој на сите видови туризам, но најразвиени се морскиот (летен) и зимскиот туризам. Во последниве години силен подем бележат и културниот, селскиот и други алтерантивни форми на туризам.
[уреди] Сообраќај
Поради својата географска положба, Бугарија е крстопат од речни (по Дунав), морски (Црно Море) и копнени патишта, со што има големи можности во развојот на меѓународниот товарен и патнички сообраќај, како и во другите услужни дејности. Низ Бугарија поминуваат некои од најзначајните сувоземни коридори на Балканскиот Полуостров.
[уреди] Литература
- Bloch M.: Feudalno društvo, Zagreb, 1958
- Jastrow J.: Povijest ljudskih zabluda, Zagreb, 1944
- Rački F.: Borba južnih Slovena za državnu neodvisnost. Bogomili i patareni, Beograd, 1931
- Saf A.: Uvod u semantiku, Beograd, 1965
- Санстефанскиот договор во encyclopedia.bg (на бугарски)
- Санстефанскиот договор во diplomatic-bg.com (на англиски)
- Териториални промени в историята на съвременна България, Пламен С.Цветков, Глобус - 91, София, 1999г.
- Текст на Санстефанскиот прелиминарен мировен договор (на руски)
[уреди] Надворешни врски
- Интернет издание на македонскиот весник „Народна Волја“
- Контроверзни податоци за бугарското потекло: прв дел, втор дел, трет дел, четврт дел, петти дел
- Половина од жителите на Софија се Македонци
- Приходите во Бугариjа растат 14% годишно
- Плати и приходи во Бугарија 1999 - 2005 (официјални податоци)
- Бугарите со една од најниските плати во Европа
- Најважна структурна реформа е власта да се тргне од економијата
- Бугарски историски карти
Земји во Европа |
---|
Австрија | Азербејџан | Албанија | Андора | Ерменија | Белорусија | Белгија | Босна и Херцеговина | Бугарија | Ватикан | Германија | Грузија | Грција | Данска | Естонија | Ирска | Исланд | Италија | Кипар | Летонија | Литванија | Лихтенштајн | Луксембург | Малта | Молдавија | Монако | Норвешка | Обединето Кралство | Полска | Португалија | Република Македонија | Романија | Русија | Сан Марино | Словачка | Словенија| Србија | Турција | Украина | Унгарија | Финска | Франција | Холандија | Хрватска | Црна Гора | Чешка | Швајцарија | Шпанија | Шведска |
Земји членки на Европската Унија и кандидати за проширување | ||
---|---|---|
Австрија | Белгија | Велика Британија | Германија | Грција | Данска | Естонија | Ирска | Кипар | Летонија | Литванија | Луксембург | Малта | Полска | Португалија | Словачка | Словенија | Унгарија | Финска | Франција | Холандија | Чешка | Шведска | Шпанија | | ||
Земји кои ќе се приклучат во јануари 2007: Бугарија | Романија | ||
Земји со кандидатски статус: Македонија | Турција | Хрватска |