Валута
Од Википедија, слободна енциклопедија
Валута претставува единица за размена, односно за менаџирање на односот помеѓу добрата и услугите. Таа претставува форма на Пари, кадешто парите се дефинирани како медиум за размена. Валутна или монетатна зона е регион во кој одредена валута има доминантна примена на пазарот на размена. За да се менаџира пазарот помеѓу валутните зони, постои курсот, односно вредноста на една валута во однос на друга. Валутите можат да се окарактеризираат како фиксирани или слободни, базирани на нивниот режим на размена.
Во поголемиот број случаи, државата има монополска конторла врз дотурот и производството на сопствената валута. Земјите членки на Европската Монетарна Унија, се исклучок од ова правило. Кадешто оваа функција ја има Европската Централна Банка. Во Македонија официјална валута е Денарот и изнесува приближно 0.016 Евра за 1 Денар.
Потеклото на валутата е во 2000 година пред Христа. Се претпоставува дека валутата е воведена врз база на два основни изума. Употребата на бројачи за да се осигура дека стоката која се испорачува е идентична со таа која што го започнала патувањето, и употребата на сребрени прачки како средства за размена.
Првите деривати во форма на монети се појавуваат некоe време подоцна.