Андора
Од Википедија, слободна енциклопедија
|
|||
Официјален јазик | Каталонски | ||
Главен град | Андора ла Вела | ||
Државно уредување | Парламентарна демократија (од Март 1993) | ||
Ковојводи | Жак Ширак и Жоан Енрик Виви Сицилија | ||
Премиер | Алберт Пинтат | ||
Површина | 468 км² | ||
Број на жители | 70.549 жители | ||
Густина на население | 151 жител на км² | ||
Независност | 8. Септември 1278 | ||
Валута | Евро | ||
Временска зона | UTC + 1 | ||
Национална химна | El Gran Carlemany | ||
Интернационална кратенка | AND | ||
Интернет домен | .ad | ||
Повикувачки број | +376 |
Андора, (француски Andorre) е парламентарно војводство во југозападна Европа. Малата држава која што се наоѓа на источниот дел од Пиринеите, се граничи на север и на исток со Франција, а на запад и на југ со Шпанија. Со вкупна површина од само 468 км², Андора е една од најмалите држави во светот. Главен град е Андора ла Вела.
Содржина |
[уреди] Географија
Андора на север е комплетно заградена од Пиринеите. Во северозападниот дел се наоѓа врвот Coma Pedrosa ( 2.946 м.), највисоката точка во замјата. Освен тој, има уште неколку врвови кои надминуваат 2900 метри надморска височина. Долината на реката Валира ја отвора кон југ природната врска кон Шпанија. Сепак, најголемиот дел на Андора се наоѓа во долината на реката Ебро, која продолжува во североисточна Шпанија. Годишните врнежи на м² изнесуваат околу 2.000 мм. на повисоките места и околу 700 мм. во долините. Летата се обично кратки, но во долините е доста топло.
[уреди] Население
Андора има 70.549 жители (Јуни 2005), а густината на населението изнесува 151 жител на км². Околу 92 проценти од населението живее во град. Андора ла Вела со околу 25.000 е најголемиот град во земјата. Домородното население е по културата и јазикот од каталонско потекло. Тие денес изнесуваат 29 проценти од вкупното население на Андора. Остатокот главно го сочинуваат француски и шпански имигранти, кои добиваат дозвола за престој според еден строг систем (ограничување на број на имигранти на годишно ниво). Официјалниот јазик е каталонски, кој се зборува од страна на 30 проценти од вкупното население. Мнозинството зборува шпански, а околу 7 проценти, француски. Поради фактот што речиси сите жители во Андора се католици, доста внимателно се негува верата во културниот и социјалниот живот. Како пример за тоа се разводите, кои во Андора се забранети со закон.
[уреди] Политика
Како претседатели на Андора се водат Бискупот од Seu d’Urgel во Шпанија и претседателот на франција како ковојвода. Ова останало како дел од државното уредување и по признавањето на Андора од страна на Франција и Шпанија како независна држава во 1993 година. Главен законодавен орган е парламентот, кој го сочинуваат 28 пратеници со четиригодишен мандат и кои го избираат премиерот на Андора. Преку референдумот на 14 март 1993 година, жителите на Андора се решија за нов устав, кој ја дефинира земјата како независна и демократска република. Војводата на Андора, согласно со уставот има ингеренции да го регулира изборот на судии во земјата како и надворешната политика. Од 1993 година, Андора е член на Организацијата на Обединетите Нации.
Ковојводата, се води како еден од претседателите на државата, но всушност поседува само право на вето кон евентуални измени во законот за граници на Андора. Франција и Шпанија сеуште се задолжени за одбраната на Андора. Во декември 1993 година се одржани првите парламентарни избори во независна Андора.
[уреди] Економија
Главен адут на економијата во Андора е туризмот, кој по педесеттите години е во постојан раст. Според процените, денес Андора ја посетуваат околу 12 милиони туристи годишно. Туристичките „магнети“ се: зимскиот спорт, алпската клима и неоданочените производи. Андора има фабрики за преработување на тутун и дрво, а има и доста развиено сточарство (пред се: овци, говеда и коњи). И покрај тоа што располага со наоѓалишта на железо, челик и мермер, економијата на Андора е во голема мера зависна од увозот. Најголемиот дел од прехрамбените производи исто така се увезуваат, бидејќи само 4 проценти од земјата е обработлива.
Поради ниските даночни стапки и законот за тајност во банкарството, Андора е седиште на многубројни домашни и странски банки. Од 1 jануари 2002 година, еврото ги замени францускиот франк и шпанската пезета како национална валута во Андора. Во 1997 година 78% од вработените имале дејност во јавните услуги, 21% во индустријата и 1% во земјоделството. Андора нема ниту железница ниту пак аеродром, но затоа поседува доста развиена патна мрежа.
[уреди] Историја
Андора, како држава постои уште од доцниот 8 век. Наводно Карло Велики бил оној кој за прв пат им загарантирал голем број на привилегии на андоранците, како возврат за помошта во војната против Маврите. Сепак, Андора долго време била предмет на конфликти помеѓу шпанскиот бискуп од Ургел и францускиот гроф од Кастелбон односно неговиот наследник од Фуа. Преку т.н. Пареаж договор (Paréage) во 1278, двете страни се согласиле за заедничка власт врз Андора. Дозволата за власт од грофот од Фуа, подоцна преминала на кралот Хајнрих IV и оттука на сите следни француски кралеви (во новото време на француските претседатели).
1993 година, Франција и Шпанија ја признаваат Андора како независна држава, но сепак бискупот од Ургел и францускиот претседател остануваат како официјални претседатели на земјата. Со независноста, Андора станува членка на Европскиот Совет и ООН. На парламентарните избори во 1997 година, Унијата на Либералите (Unió Liberal) на премиерот Марк Форне Молне го освојува апсолутното мнозинство. Истото им успева и на изборите на 4 Март 2001 година, овој пат под името Либерална Партија на Андора (Partit Liberal d’Andorra). Денес, либералите имаат 15 од вкупно 28 пратенички места во парламентот на Андора.
Земји во Европа |
---|
Австрија | Азербејџан | Албанија | Андора | Ерменија | Белорусија | Белгија | Босна и Херцеговина | Бугарија | Ватикан | Германија | Грузија | Грција | Данска | Естонија | Ирска | Исланд | Италија | Кипар | Летонија | Литванија | Лихтенштајн | Луксембург | Малта | Молдавија | Монако | Норвешка | Обединето Кралство | Полска | Португалија | Република Македонија | Романија | Русија | Сан Марино | Словачка | Словенија| Србија | Турција | Украина | Унгарија | Финска | Франција | Холандија | Хрватска | Црна Гора | Чешка | Швајцарија | Шпанија | Шведска |