Јануари
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јануари е првиот месец во годината според Грегоријанскиот календар и еден од седумте месеци според овој календар што имаат 31 ден. Според Јулијанскиот календар, месецот јануари почнува од 14 ден на Грегоријанскиот календар.
Содржина |
[уреди] Потекло на зборот
Јануари го добил името според грчкиот збор (Ιανουάριος) и латинскиот (-{Iānuārius}-). Наречен е според Римскиот бог Јанус, богот на сите почетоци, премини, куќни порти, Сонцето и светлината. Јанус е чувар на вселената и присуствувал раѓањето на секое човечко суштество. Имал две лица кои гледаат на различни страни.
[уреди] Јануари во другите словенски јазици
Старото македонско име за месецот јануари е Коложег. Кај другите словенски и балкански јазици, најчесто се сретнува под името Сечко, Сијечањ, Сичен, Леден, Просинец и сл.
[уреди] Поважни Православни празници во Јануари
- 5 - Преподобен Наум Охридски Чудотворец
- 7 - Раѓањето на Исус Христос
- 14 - Св. Василиј Велики, Василица
- 18 - Водокрст
- 19 - Богојавление
- 20 - Св. Јован Крстител
[уреди] Надворешни врски
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |