Бугари
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бугарите се јужен словенски народ генерално поврзан со Бугарија и бугарскиот јазик. Мнозинството Бугари денес живеат во Република Бугарија, иако има бугарски малцинства или имигрантски заедници во повеќе земји.
Денешните Бугари настанале со мешање на бројни народи, староседелци од Балканскиот Полуостров или доселеници од разни делови на евроазиските простори. Овој процес на мешање се одвивал во текот на повеќевековните историски процеси од кои бил заафатен Балканскиот Полуостров.
Во оформувањето на денешниот бугарски народ големо значење имале Прабугарите, група номадски народи и племиња доселени од централна Азија на северен Кавказ во 1-2 век, кои го формирале Првото Бугарско царство во 681, кога се поселили трајно на Балканот, како словенскте племиња што им претходеле еден век на Бугарите. Прабугарите подоцна, кон крајот на 10 век, биле асимилирани од страна на Словените, кои биле побројни, но нивниот етноним (българи) останал. До одреден степен, Бугарите биле исто така под влијание на романизираните и на хеленизираните Тракијци и Дако-Гети, кои живееле на територијата на денешна Бугарија пред словенската инвазија. Како и да е, бројот на Тракијци и Гети бил намален до 6 век поради постојаната инвазија на варвари така, нивното влијание во формирањето на денешните Бугари било помалку изразено од тоа на двата спомнати народи.
Конечното оформување на денешната бугарска народност започнува во 19 век, а посебно значење имаат два настани: формирањето на Бугарската егзархија (1870) и Бугарската држава (1878). Голема улога во овој процес одиграла Русија, чие политичко и културно влијание биле од клучно значење.
Во текот на своето постоење бугарската држава прави секакви напори за асимилација на различните народи и етнички групи во единствена бугарска народност врз трите основни елементи: бугарско име, православна религија и бугарски словенски јазик.
Најсвеж пример за асимилација е примерот со Турците и Помаците, кога стотици илјади нивни припадници беа присилно натерани да са христијанизираат и побугарат. Бугарија и понатаму врши тивка асимилација на своите малцинства.
[уреди] Името ,,Бугари"
За настанокот на името „Бугари„ постојат повеќе објаснувања:
1) Името „Бугарин“ (Болгарин) порано се поврзувало со името на реката Волга (волгарин, болгарин = човек од Волга), но ова тврдење е спорно од причина што кога ова име се појавило за прв пат, реката Волга се викала сосема поинаку - Итил.
2) Името "Болг-Арин" од обединувањето на Болгите со Ариjците (според една од теориите за индоевропското потекло на Прабугарите).
3) Поврзувањето со латинскиот збор вулгарис (vulgaris) = прост, необразован човек. Бугарската наука го отфрла овој став, сметајќи го навредлив за Бугарите, и бара други објаснувања.
4) Според видувањето на некои бугарски научници, етнонимот "булгар" доаѓа од името на животното "булга" (лат. martes foina), познато по својата кожа со која прабугарите тргувале во првобитната татковина во централна Азиjа. Истото животно во Бугариjа се нарекува "белка", а во Русија - "самур".
Всушност, во почетокот некои етноними биле прекари или подбивни имиња за народите, создавани и употребувани од нивните соседи. За тоа постојат многу примери:
- од страна на своите словенски соседи, Германците се нарекувани "Немци" (неми);
- се смета дека пред да стане име на денешните Срби, името „срби“ (од латинскиот збор servi) се однесувало на слугите, како општествена категорија, а не етничка припадност. Сепак во источнниот дел на Германија има мал словенски народ Лужички Срби, којшто може да е поврзуван со денешните Срби.
- Името „хелен“ во раните христијански векови значело паган, но пред тоа значело „син на Хелас„, а Хелас бил древниот бог на ахејците и доријците.
[уреди] Надворешни врски
- За потеклото на Прабугарите (бугарски)
- Контроверзни податоци за бугарското потекло! (1)
- Контроверзни податоци за бугарското потекло! (2)
- Контроверзни податоци за бугарското потекло! (3)
- Контроверзни податоци за бугарското потекло! (4)
- Контроверзни податоци за бугарското потекло! (5)
- Aсимилацијата на Помаците во Бугарија (бугарски) [1][2]
[http://makedonija.150m.com/makedonija/variousmapsmacedonian.htm