Варна
Од Википедија, слободна енциклопедија
Варна е најголемиот црноморски град во Бугарија и трет по големина во земјата. Се наоѓа во северноисточна Бугарија. Варна е град-пристаниште со 357.198 жители.[1] Поради развиениот морски туризам и големиот број на хотели, Варна се смета за „приморскиот главен град на Бугарија“. Варна се распростира на околу 105 квадратни километри и е административен центар на областа и општината Варна. Регистарскa ознака: В (BG).
Варна е центар на повеќе културни проекти, меѓу кои се и фестивалот „Варнско лето“ и филмскиот фестивал „Љубовта е лудост“. Во Варна се наоѓа и археолошки музеј во кој се изложени едни од најстарите откриени златни предмети во светот.
Варна е важен универзитетски центар и е седиште на eкономскиот, медицинскиот [1] и техничкиот [2] универзитет, како и вишата морнаричка школа и приватниот слободен универзитет [3].
[уреди] Извори
Ова е недовршена статија за географија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |