Бром
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бромот (од грчки βρωμος, brómos, со значење смрдеа) е хемиски елемент во периодниот систем кој го има симболот Br и атомскиот број 35. Како халоген елемент, бромот е црвена испарлива течност при стандардна собна температура чија реактивност е нешто меѓу онаа на хлорот и јодот. Овој елемент е корозивен за човековите ткива во течна агрегатна состојба, а неговите пареи ги иритираат очите и грлото. Пареите од бром се многу токсични доколку се вдишат.
Содржина |
[уреди] Поважни карактеристики
Бромот е единствениот неметален елемент при собна температура и еден од петте елементи во периодниот систем што се во течна агрегатна состојба на собна температура или блиска до неа. Чистиот хемиски елемент ја има физичката форма на двоатомската молекула Br2. Тој е тешка, подвижна, црвеникаво-кафеава течност која испарува лесно при стандардни услови во вид на црвена пареа (бојата доаѓа од азот диоксидот) која има силен непријатен мирис, кој е сличен со оној на хлорот. Како халоген елемент, бромот е хемиски сличен со хлорот, но е помалку активен. Како и да е, тој е поактивен од јодот. Бромот е малку растворлив во вода, а многу растворлив во јаглерод дисулфид, алифатични алкохоли (како метанолот) и оцетна киселина. Се сврзува лесно со многу елементи и има силно дејство на белење.
Бромот е високореактивен и е моќно оксидациско средство во присуство на вода. Реагира силно со амините, алкените и фенолите, како и со алифатичните и ароматичните јаглеводороди, кетони и киселини (секој од овие соединенија се бромираат или со реакција на адиција или супституциска реакција). Со многу од металите и елементите, анхидридниот бром е помалку реактивен отколку водениот бром; но, сувиот бром реагира доста силно со алуминиум, титаниум, жива, како и со земноалкалните метали и алкалните метали.
Како резултат на неговиот придонес во трошењето на озонот во Земјината атмосфера, проценето е дека бромот има потенцијал на трошење на озонот 60 кога е спореден со хлорот.[1]
[уреди] Примена
Елементарниот бром се употребува за производство на голем број на бромни соединенија кои се користат во индустријата и земјоделството. Традиционално, најголемата употреба на бромот е во производството на 1,2-дибромоетан кој се користел како состојка на оловните бензини против тропањето на моторот, сè додека тие се исфрлиле од употреба поради ефектите врз околината.
Исто така, бромот се користи во производството на прочистувачи на вода, бои, лекови, неоргански бромиди за фотографија итн. Се користи и за образување на меѓупроизводи во органската синтеза, каде се употребува наместо јодот поради својата многу поноска цена.
Бромот се користи за правење на броминирано растително масло, кое се користи како емулгант во многу пијалаци со арома на цитрус.
Водниот бром е портокалов и може да се користи во тестовите за алкени и феноли.
- Кога се додава на алкен, тој ќе ја изгуби бојата додека реагира, а на крај ќе се образува бромоалкан. На пример, реакцијата со етилен ќе произведе 1,2-дибромоетан.
- Кога се додава на фенол, ќе се образува бел талог од 2,4,6-трибромофенол. Со анилин ќе се исталожи 2,4,6-трибромоанилин (дури и во вода).
[уреди] Историја
Бромот бил откриен од страна на Антоан Балард во солените мочуришта на Монтпелје во 1826, но не бил произведен сè до 1860. Францускиот хемичар и физичар Јозеф-Луј Геј-Лисак го сугерирал името на бромот како резултат на карактеристичната миризба на неговите пареи.
[уреди] Наоѓање
Бромот се наоѓа во природата како бромидни соли во многу ретки карпи од Земјината кора. Како резултат на натопувањето, бромидните соли се акумулираат во морската вода и можат да се отстранат за економски цели од солени бунари и Мртвото Море.
Отприлика околу 500 милиони килограми ($350 милиони USD) на бром се произведуваат во година (2001) низ целиот свет. САД и Израел се главните произведувачи.
[уреди] Безбедност
Елементарниот бром е силен иритант, и во концентрирана форма ќе произведе меури кои кога ќе ја допрат кожата, а особено мукозните мембрани, предизвикуваат голема болка. Дури и ниски концентрации на бром можат да имаат ефект врз дишењето, а вдишувањето на значајни количини на бром можат сериозно да му наштетат на респираторниот систем.
[уреди] Соединенија
- Алуминиум бромид (AlBr3),
- Амониум бромид (NH4Br),
- Бром монофлуорид (BrF),
- Бром пентафлуорид (BrF5),
- Бром трифлуорид (BrF3),
- Тетрабромометан (CBr4),
- Бромоводородна киселина (HBr),
- Железо(III) бромид (FeBr3),
- Литиум бромид (LiBr),
- Фосфор пентабромид (PBr5),
- Фосфор трибромид (PBr3),
- Калиум бромид (KBr),
- Калиум бромат (KBrO3),
- Сребро бромид (AgBr),
- Натриум бромид (NaBr),
- Натриум бромат (NaBrO3).
[уреди] Референци
[уреди] Надворешни врски
Шаблон:Wiktionary
Хемија > Хемиски елемент > H - He - Li - Be - B - C - N - O - F - Ne - Na - Mg - Al - Si - P - S - Cl - Ar - K - Ca - Sc - Ti - V - Cr - Mn - Fe - Co - Ni - Cu - Zn - Ga - Ge - As - Se - Br - Kr - Rb - Sr - Y - Zr - Nb - Mo - Tc - Ru - Rh - Pd - Ag - Cd - In - Sn - Sb - Te - I - Xe - Cs - Ba - La - Ce - Pr - Nd - Pm - Sm - Eu - Gd - Tb - Dy - Ho - Er - Tm - Yb - Lu - Hf - Ta - W - Re - Os - Ir - Pt - Au - Hg - Tl - Pb - Bi - Po - At - Rn - Fr - Ra - Ac - Th - Pa - U - Np - Pu - Am - Cm - Bk - Cf - Es - Fm - Md - No - Lr - Rf - Db - Sg - Bh - Hs - Mt - Ds - Rg - Uub - Uut - Uuq - Uup - Uuh - Uus - Uuo
|