Јаглерод
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хемија > Хемиски елемент > H - He - Li - Be - B - C - N - O - F - Ne - Na - Mg - Al - Si - P - S - Cl - Ar - K - Ca - Sc - Ti - V - Cr - Mn - Fe - Co - Ni - Cu - Zn - Ga - Ge - As - Se - Br - Kr - Rb - Sr - Y - Zr - Nb - Mo - Tc - Ru - Rh - Pd - Ag - Cd - In - Sn - Sb - Te - I - Xe - Cs - Ba - La - Ce - Pr - Nd - Pm - Sm - Eu - Gd - Tb - Dy - Ho - Er - Tm - Yb - Lu - Hf - Ta - W - Re - Os - Ir - Pt - Au - Hg - Tl - Pb - Bi - Po - At - Rn - Fr - Ra - Ac - Th - Pa - U - Np - Pu - Am - Cm - Bk - Cf - Es - Fm - Md - No - Lr - Rf - Db - Sg - Bh - Hs - Mt - Ds - Rg - Uub - Uut - Uuq - Uup - Uuh - Uus - Uuo
|
|
||||||||||||||||||
Општо | ||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Име, симбол, атомски број | Јаглерод, C, 6 | |||||||||||||||||
Припадност на групата | Неметали | |||||||||||||||||
група, период | IVA, 2 | |||||||||||||||||
густина, тврдост | 2267 kg/m3, 0.5 (графит) 10.0 (дијамант) |
|||||||||||||||||
Боја | црна; безбојна(дијамант) |
|||||||||||||||||
Особини на атомот | ||||||||||||||||||
Атомска маса | 12.0107 u | |||||||||||||||||
атомски радиус | 70 (67)pm | |||||||||||||||||
ковалентен радиус | 77 pm | |||||||||||||||||
ван дер Валсов радиус | 170 pm | |||||||||||||||||
електронска конфигурација | [He]2s22p2 | |||||||||||||||||
e- на енергетските нивоа | 2, 4 | |||||||||||||||||
оксидационен број | 4, 2 (благо кисел) | |||||||||||||||||
Особини на оксидот | слабо кисел | |||||||||||||||||
Кристална структура | Хексагонална | |||||||||||||||||
Физички особини | ||||||||||||||||||
Агрегатна состојба | цврста | |||||||||||||||||
Точка на топење | 3773 K | |||||||||||||||||
Точка на вриење | 5100 K | |||||||||||||||||
Моларен волумен | 5.29 ×10-6 m3/mol | |||||||||||||||||
Температура на испарување | 355.8 kJ/mol | |||||||||||||||||
Температура на топење | без податоци | |||||||||||||||||
притисок на заситена пареа | 0 Pa | |||||||||||||||||
Брзина на звукот | 18350 m/s | |||||||||||||||||
Останати особини | ||||||||||||||||||
Електронегативност | 2.55 (Паулинг) | |||||||||||||||||
Специфична температура | 710 J/(kg*K) | |||||||||||||||||
Електроспроводливост | 0.061 × 106/(m·ом) | |||||||||||||||||
Топлотна спроводливост | 129 W/(m*K) | |||||||||||||||||
1. енергија на јонизација | 1086.5 kJ/mol | |||||||||||||||||
2. енергија на јонизација | 2352.6 kJ/mol | |||||||||||||||||
3. енергија на јонизација | 4620.5 kJ/mol | |||||||||||||||||
4. енергија на јонизација | 6222.7 kJ/mol | |||||||||||||||||
5. енергија на јонизација | 37831 kJ/mol | |||||||||||||||||
6. енергија на јонизација | 47277.0 kJ/mol | |||||||||||||||||
Најстабилни изотопи | ||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||
Таму каде што не е поинаку назначено, употребени се SI единици и стандардни услови. |
Јаглеродот (на латински: carboneum) е хемиски елемент од периодниот систем кој има симбол C и атомски број 6. Тоа е изразит неметал, четиривалентен елемент, кој има неколку алотропни форми:
- Дијамант (најцврст познат природен минерал). Структура: 4 електрони во тродимензионални sp3-орбитали.
- Графит (една од најмеките супстанци). Структура: 3 електрона во дводимензионални sp2-орбитали и 1 електрон во p-орбитала.
- Фулерен. Структура: компаративно големи молекули формирани целосно од тригонално поврзан јаглерод, формирајќи сфероиди (од кои најпознат и наједноставен е бакминстерфулеренот)
- Хаоит. Минерал за кој се претпоставува дека е формиран при удар на метеори.
- Лонсдалеит (нечист дијамант). Структура: слично на дијамантот, но формира хексагонална кристална решетка.
- Аморфен јаглерод (стаклеста супстанца). Структура: збир на молекули на јаглерод во не-кристална, неправилна, стаклена состојба.
- Јаглеродна нанопена (екстремно лесна магнетна мрежа). Структура: мрежа со мала густина која се состои од гроздови налик на графит, во која атомите се поврзани тригонално во прстени со шест или седум членови.
- Јаглеродни наноцевки (малечки цевки). Структура: секој атом е поврзан тригонално во кривулеста обвивка која формира празен цилиндар.
- Агрегатни дијамантски нанопрачки, најскоро откриен алотроп.
Саѓите се состојат мали графитни површини. Овие површини се случајно распределени, така што целата структура е изотропна.
'Стаклениот јагленород' е изотропен и содржи голема пропорција на затворена порозност. За разлика од нормалниот графит, графитни слоеви тука не се напластени како страници во книга, туку и имаат порасфрлен распоред.
Јаглеродните влакна се слични со стаклениот јагленород. Под специјален третман, од нив може да се добијат влакна со поголема силина од челик.
Застапеноста на јаглерод во земјината кора е 0,018%. Јагленородот се појавува во сите видови органски живот и е основа на органската хемија. Овој неметал има интересна хемиска особина на способност за врзување со различен број на други елементи, формирајќи околу 10 милиони соединенија. Кога се спојува со кислородот образува јаглероден диоксид, што е потребен за раст на растенијата. Кога се соединува со водород, образува различни соединенија наречени јаглехидрати кои што се есенцијални за индустријата во форма на фосилни горива. Комбинирано и со кислород и со водород, тоа може да образува различни групи на соединенија, вклучувајќи масни киселини, кои се неопходни за живот, и естери, кои даваат вкус на различни овошја. Изотопот јаглерод-14 вообичаено се користи за радиоактивно датирање. Освен органските соединенија, поголемо значење имаат јаглен(II)оксид, јаглен(IV)оксид, јаглеродна киселина, карбидите и карбонатите.
Јаглеродот бил познат уште во праисторијата, но прв кој открил дека тоа е хемиски елемент бил Антоан Лавоазје.