Кожа
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кожата (латински: cutis) е телесната покривка кај животните. Дебелината на кожниот слој варира во разни делови од телото од 1 до 4 милиметри.
Кожата се состои од три слоја: покожица, крзно и хиподермис.
Таа има многу улоги и функции важни за организмот:
- Заштита од механички и хемиски влијанија
- Превенција од влез на микроорганизми
- Превенција од губење на вода
- Заштита од ултравиолетово зрачење
- Лачење на масти
- Регулација на телесната температура