Периоден систем
Од Википедија, слободна енциклопедија
Периодниот систем на хемиските елементи е табела која ги содржи основните и најважни податоци за елементите кои до денес се откриени, како што се електронската конфигурација, вредностите за електронегативноста, атомскиот (реден) број, хемискиот симбол и сл. За прв пат овој систем бил конструиран од рускиот научник Димитриј Иванович Менделеев, па затоа понекогаш е познат и како Менделеев систем.
Периодниот систем се состои од хоризонтални низи (редови) наречени периоди и вертикални низи (колони) наречени групи. Постојат седум периоди, а бројот и означувањето на групите може да биде најразличен.
Елементите во периодниот систем се подредени според растење на атомскиот (односно редниот) број на хемискиот елемент. Бидејќи во атомот бројот на електрони е еднаков со бројот на протони (т.е. атомскиот број), следува дека кај секој следен елемент, освен бројот на протони, и бројот на електрони се зголемува за еден.
Во периодниот систем постои периодично изменување на својствата на елементите и на нивните елементарни супстанци. Својствата на елементите зависат од електронската конфигурација на нивните атоми. Градбата на електронската обвивка на атомите на елементите периодично се повторува. Според тоа, и својствата на елементите и нивните прости супстанци периодично се изменуваат кога ги разгледуваме по периоди и групи. Речиси правилно се изменуваат следниве својства:
- Релативните атомски маси, кои растат одејќи и по група и по периода.
- Атомските радиуси, кои растат одејќи надолу по група, а надесно по периода се намалуваат.
- Енергиите на јонизација, кои се намалуваат по група, а по периода се зголемуваат.
- Електронегативноста, која по периода расте, а по група се намалува.
- Металните, односно неметалните својства, со што по периода (од лево кон десно) се намалуваат металните својства на елементите, а по група (од горе надолу) тие растат.
[уреди] Можен начин за претставување на периодниот систем
Група | 1А | 2А | 3Б | 4Б | 5Б | 6Б | 7Б | 8Б | 8Б | 8Б | 1Б | 2Б | 3А | 4А | 5А | 6А | 7А | 8А | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Период | ||||||||||||||||||||
1 | 1 H |
2 He |
||||||||||||||||||
2 | 3 Li |
4 Be |
5 B |
6 C |
7 N |
8 O |
9 F |
10 Ne |
||||||||||||
3 | 11 Na |
12 Mg |
13 Al |
14 Si |
15 P |
16 S |
17 Cl |
18 Ar |
||||||||||||
4 | 19 K |
20 Ca |
21 Sc |
22 Ti |
23 V |
24 Cr |
25 Mn |
26 Fe |
27 Co |
28 Ni |
29 Cu |
30 Zn |
31 Ga |
32 Ge |
33 As |
34 Se |
35 Br |
36 Kr |
||
5 | 37 Rb |
38 Sr |
39 Y |
40 Zr |
41 Nb |
42 Mo |
43 Tc |
44 Ru |
45 Rh |
46 Pd |
47 Ag |
48 Cd |
49 In |
50 Sn |
51 Sb |
52 Te |
53 I |
54 Xe |
||
6 | 55 Cs |
56 Ba |
* | 72 Hf |
73 Ta |
74 W |
75 Re |
76 Os |
77 Ir |
78 Pt |
79 Au |
80 Hg |
81 Tl |
82 Pb |
83 Bi |
84 Po |
85 At |
86 Rn |
||
7 | 87 Fr |
88 Ra |
** | 104 Rf |
105 Db |
106 Sg |
107 Bh |
108 Hs |
109 Mt |
110 Ds |
111 Uuu |
112 Uub |
113 Uut |
114 Uuq |
115 Uup |
116 Uuh |
117 Uus |
118 Uuo |
||
* Лантаноиди | 57 La |
58 Ce |
59 Pr |
60 Nd |
61 Pm |
62 Sm |
63 Eu |
64 Gd |
65 Tb |
66 Dy |
67 Ho |
68 Er |
69 Tm |
70 Yb |
71 Lu |
|||||
** Актиноиди | 89 Ac |
90 Th |
91 Pa |
92 U |
93 Np |
94 Pu |
95 Am |
96 Cm |
97 Bk |
98 Cf |
99 Es |
100 Fm |
101 Md |
102 No |
103 Lr |
Алкални метали | Земноалкални метали | Лантаноиди | Актиноиди | Преодни метали |
Полуметали | Металоиди | Неметали | Халогени | Благородни гасови |