Хром
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хемија > Хемиски елемент > H - He - Li - Be - B - C - N - O - F - Ne - Na - Mg - Al - Si - P - S - Cl - Ar - K - Ca - Sc - Ti - V - Cr - Mn - Fe - Co - Ni - Cu - Zn - Ga - Ge - As - Se - Br - Kr - Rb - Sr - Y - Zr - Nb - Mo - Tc - Ru - Rh - Pd - Ag - Cd - In - Sn - Sb - Te - I - Xe - Cs - Ba - La - Ce - Pr - Nd - Pm - Sm - Eu - Gd - Tb - Dy - Ho - Er - Tm - Yb - Lu - Hf - Ta - W - Re - Os - Ir - Pt - Au - Hg - Tl - Pb - Bi - Po - At - Rn - Fr - Ra - Ac - Th - Pa - U - Np - Pu - Am - Cm - Bk - Cf - Es - Fm - Md - No - Lr - Rf - Db - Sg - Bh - Hs - Mt - Ds - Rg - Uub - Uut - Uuq - Uup - Uuh - Uus - Uuo
|
Хромот е хемиски елемент во периодниот систем што го има симболот Cr и атомскиот број 24.
Содржина |
[уреди] Важни карактеристики
Хромот е челично-сив, блескав, цврст метал кој има висока точка на топење. Тој е исто така без мирис, без вкус и е донекаде ковлив.
Најчестите оксидациони броеви на хромот се +2, +3 и +6, со тоа што +3 е најстабилен. +1, +4 и +5 се ретки. Соединенијата на хромот каде тој има оксидационен број 6 се моќни оксиданси.
Хромот слабо реагира со кислородот и формира многу тенок, нерастворлив, заштитен оксид кој превенира понатамошна оксидација на металот кој лежи под оксидот.
[уреди] Примена
Хромот се употребува:
- Во металургијата, да ја успори корозијата и да даде сјај:
- Како боја:
- Хром(III) оксид е средство за полирање на металите
- Хромските соли го обојуваат стаклото во емералд-зелено
- Хромот ги прави рубинит црвени, и затоа тој се користи во производство на синтетички рубини
- Ја создава бојата брилијант-жолта за бојадисување
- Како катализатор итн.
[уреди] Биолошка улога
Тривалентниот хром, Cr(III), или Cr3+, е потребен во траги за метаболизмот на шеќерот кај луѓето, а неговиот недостаток може да предизвика хипохромија. За споредба, шестовалентниот хром е многу токсичен.
[уреди] Наоѓање
Хромот се ископува како хромитна руда (FeCr2O4). Грубо кажано, половина од хромитната руда во светот се произведува во Јужна Африка. Казахстан, Индија и Турција се исто така големи производители.