Калциум
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хемија > Хемиски елемент > H - He - Li - Be - B - C - N - O - F - Ne - Na - Mg - Al - Si - P - S - Cl - Ar - K - Ca - Sc - Ti - V - Cr - Mn - Fe - Co - Ni - Cu - Zn - Ga - Ge - As - Se - Br - Kr - Rb - Sr - Y - Zr - Nb - Mo - Tc - Ru - Rh - Pd - Ag - Cd - In - Sn - Sb - Te - I - Xe - Cs - Ba - La - Ce - Pr - Nd - Pm - Sm - Eu - Gd - Tb - Dy - Ho - Er - Tm - Yb - Lu - Hf - Ta - W - Re - Os - Ir - Pt - Au - Hg - Tl - Pb - Bi - Po - At - Rn - Fr - Ra - Ac - Th - Pa - U - Np - Pu - Am - Cm - Bk - Cf - Es - Fm - Md - No - Lr - Rf - Db - Sg - Bh - Hs - Mt - Ds - Rg - Uub - Uut - Uuq - Uup - Uuh - Uus - Uuo
|
Калциумот е хемиски елемент во периодниот систем со симбол Ca и атомски број 20. Калциумот е мек, сив земноалкален метал кој се користи како редукционен агент во екстракцијата на ториумот, циркониумот и ураниумот. Калциумот е и петтиот најзастапен елемент во Земјината кора. Тој е есенцијален за живите организми, а особено место завзема во нивната клеточна физиологија и е најзастапениот метал во многу животни.
Калциумот може преку електролиза да се екстрахира од калциум флуоридот. Гори со жолтоцрвеникав пламен и формира бела нитридна покривка кога е изложен на воздух. Реагира со водата, притоа заменувајќи го водородот и формирајќи калциум хидроксид.
Калциумот е есенцијален во мускулната контракција, активацијата на јајце клетката, потоа тој е важен за силни и цврсти коски и заби, важен е за крвта, преносот на нервните импулси, регулацијата на срцевата работа и балансот на течностите во клетките. Потребна количина на калциум во дневната диета на возрасните единки е помеѓу 1,000 и 1,300 mg
Најзастапениот изотоп на калциумот, 40Ca, има јадро со 20 протони и 20 неутрони. Неговата електронска конфигурација е следна: 2 електрона во К-слојот (главен квантен број: 1), 8 во L-слојот (главен квантен број: 2), 8 во М-слојот (квантен број: 3) и 2 во N-слојот (квантен број: 4). Надворешната обвивка е валентната обвивка, со 2 електрона во 4s орбитала, а 3p рбиталата е празна.