Феминизам
Од Википедија, слободна енциклопедија
Феминизам е хетероген збир од социјални теории, политички движења и морална филозофија главно втемелено врз, или мотивирано од, искуствата на жените. Додека генерално даваат критика на општествените односи, многу застапници на феминизмот се фокусираат и на анализа на родовите нееднаквости и унапредувањето на правата и интересите на жените.
Феминистичката теорија се стреми да ја разбере природата на родовата нееднаквост и се фокусира на родовата политика, односите на моќ и сексуалност. Феминистичкиот политички активизам се бори за теми како репродуктивни права, домашно насилство, мајчинско ослободување, еднакви плати, сексуално малтретирање, дискриминација и сексуално насилство. Темите што ги истражува феминизмот вклучуваат стереотип, опресија и патријархија.
Модерната феминистичка теорија се критикува како предоминантно, но не и ексклузивно, поврзана со западните научни кругови. Феминистичкиот активизам, како и да е, е движење што потекнува од масите и бара надминување на границите втемелени врз социјална класа, раса, култура и религија. Ова движење е специфично за секоја одделна култура и се осврнува на теми значајни за жените во тоа општество: на пример, женско обрежување во Судан, или стаклен таван во економиите во развој. Некои теми, како силувањето, инцестот и мајчинството, се универзални.