Шеќер
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кога се користи зборот шеќер во секојдневна употреба, зборот всушност значи сухроза или сахароза што претставува бел кристал на тврд дисахарид. Луѓето најчесто ја избираат сухрозата како средство за менување на вкус или карактеристики (чувство во уста, одржување и текстура) на течности и храна. Шеќерот што се произведува комерцијално се прави од шеќерна трска или шеќерно цвекло.
„Простите“ шеќери, или моносахаридите (како глукоза), содржат енергија која биолошките клетки ја користат и трошат. Во просечна листа на состојки, секој збор што завршува со „оза“ најверојатно претставува вид на шеќер.
За информации за други типови на шеќери, погледнете ги моносахаридите и дисахаридите.
Од готвачки аспект, шеќерот ги прави работите слатки, што е еден од примарните човекови вкусови.