Венеција
Од Википедија, слободна енциклопедија
Венеција (италијански: Venezia, венетијански: Venexia), е главен град на областа Венето и провинцијата Венеција во североисточна Италија. Изградена е на 118 мали острови во устието на реката Бренте во венецијанскиот залив. Позната е и како „град на каналите“. До градот има и железничка пруга и автопат преку големиот „лагунски мост“. На островот Лидо се наоѓа и аеродром.
Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали параброди и моторни бродови. Најголем е Големиот канал на кој се наоѓа познатиот „Риалто мост“, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот.
Венеција има многу познати архитектурни и уметнички споменици: Дуждова палата, црквата Свети Марко и деведесет други цркви, богати музеи, уметнички галерии, познатата академија на уметностите (Accademia di Belle Arti), опсерваторија и други научни и културни установи. Во неа се одржува и познатиот Венецијански филмски фестивал. Позната е и по изработката на предмети од стакло (потекнува од островот Мурано), чипка, сребро, злато, кожа. Во предградијата на Венеција се наоѓа индустриска зона, а во близина се многубројните плажи, од кои најпозната е Лидо.
[уреди] Разни податоци
- Патрон на градот е Свети Марко.
- Внеција е позната и по единствениот карневал (1).
- Венеција и лагуната се сметаат за Светско наследство според UNESCO.
[уреди] Странски зборови со потекло од Венеција
- arsenal, ciao, ghetto, gondola, lazaret, lagoon, lido, Montenegro.
- „Венецуела“ значи „мала Венеција“.
[уреди] Надворешни врски
- Venice, Italy in Virtual Reality Virtual travel in the city of Renaissance.