Подградец
Од Википедија, слободна енциклопедија
Подградец (алб.: Pogradec или Pogradeci) се наоѓа во југоисточниот дел на денешна Република Албанија и е сместен покрај Охридското езеро. Тој се наоѓа југоисточно од Елбасан, југозападно од Охрид - Република Македонија, западно од Лерин - Егејска Македонија (Грција) и северно од Корча. Во Подградец и околните села живее бројно македонско население.
[уреди] Име
Како и некои други називи на места, села, реки итн. во Република Албанија, така и името на градот Подградец има македонско потекло: под+град(ец) = Подградец. Албанскиот назив за овој град е добиен со испуштање на буквата "д" од оригиналниот назив и е добиен називот Pogradec.
[уреди] Историја
После поделбата на Македонија во 1913 г. помеѓу Србија, Бугарија и Грција, еден мал дел меѓу кои и градот Подградец и бил отстапен на новоформираната држава Албанија. Со тоа еден дел од македонскиот народ останува да живее во рамките на Албанија. И покрај асимилирачката политика на албанските власти, преку забрана на јавна употреба на мајчиниот македонски јазик и промена на личните имиња и презимиња преку испуштање на наставките -ски или -ов, или давање слични имиња (на пример, Ѓорги станува Gjergj, Спасевски станува Spase, Поповски станува Popaj итн.), сепак тамошните Македонци успеваат да опстојат како Македонци и денеска се признати како македонско малцинство во Република Албанија кои имаат недоволни, но сепак одредени права преку употреба на својот мајчин македонски јазик во образованието и медиумите, што не е случај со Македонците коишто останаа да живеат во рамките на Бугарија или Грција.
Градови во Албанија | ||
---|---|---|
Бајрам Цури | Берат | Драч | Ѓирокастро | Елбасан | Ерсека | Химара | Каваја | Корча | Кукс | Лежа | Пешкопеја | Подградец | Саранда | Скадар | Тирана | Тропоја | Валона |