Егејска Македонија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Егејска Македонија (уште и Приморска, Беломорска или Грчка Македонија) претставува 51% од географско-историската целост на Македонија која е денес во составот на Грција. Тоа е најголем регион во денешна Грција по плоштина, и втор по големина регион по население. Грците овој дел го нарекуваат едноставно Македонија (грчки: Μακεδονία), бидејќи сметаат дека тоа е единствениот ентитет кој има право да го носи името Македонија. Ова е една од причините за грчко-македонскиот спор околу името на Република Македонија.
Административно е поделен на три подрегиони, кои според грчката терминологија се нарекуваат: Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија. Главен и најголем град е Солун.
Со поделбата на Македонија, односно со Букурешкиот мировен договор од 1913, одлучено е да овој дел припадне на Грција. За време на Граѓанската војна во Грција (1946 - 1949), голем број на етнички Македонци биле протерани од овие простори.
Содржина |
[уреди] Географија на Егејска Македонија
Егејска Македонија зафаќа околу 34000 km² или околу 51% од територијата на етничка Македонија. На запад се граничи со Албанија преку планините Грамос и Горбеч, на југ и југо-запад оградена од планините Пинд и Олимп се граничи со грчката област Тесалија, на југо-исток е отворена кон Егејското море, на исток преку реката Места се граничи со областа Тракија, а на север се граничи со Република Македонија (Вардарска Македонија) и Бугарија (Пиринска Македонија).
Егејска Македонија се дели на три посебни географски целини:
[уреди] Западна Македонија
Западен Планински дел со планините: Неред со врвот Вич (2.128 m), Сува Гора, Горбеч, Пинд, Грамос, северните падини на Олимп јужните падини на Ниџе, Негушката Планина и Каракамен. Во овој дел се наоѓа и најјужниот дел на Пелагонија односно Леринското Поле. Карактеристични за овој регион се многуте езера како Островското, Петерското, Костурското, Рудинското и Малото Преспанско Езеро.
[уреди] Централна Македонија
Втората географска целина е Долно Повардарска Македонија (или Ниска Егејска Македонија). Дури 84% од територијата е огромното плодно Солунско Поле. Во овој дел се вбројуваат и Пајак Планина, Мегленската котлина и Циганската клисура. Низ овој дел Вардар го завршува својот тек и се влева во Егејското Море кај Солун.
[уреди] Источна Македонија
Источниот дел на Егејска Македонија може да се крактеризира со две големи реки: Струма и Места, како и релативно ниски планини и ридести предели како Круша, Карадаг и други.
[уреди] Административна поделба
Трите периферии на Егејска Македонија и нивните префектури се:
- Западна Македонија, која се состои од:
- 1. Костур
- 2. Лерин
- 3. Кожани
- 4. Гревена
- Централна Македонија, која се состои од:
- 5. Пела
- 6. Иматија
- 7. Пиерија
- 8. Кукуш
- 9. Солун
- 10. Халкидики
- 11. Серес
- Источна Македонија и Тракија, од чии што префектури, само две се во Егејска Македонија:
- 12. Драма
- 13. Кавала
Овие се под надлежност на државното владино Министерство на Македонија и Тракија.
Егејска Македонија се граничи со соседните периферии Тесалија и Епир.
[уреди] Македонците во Егејска Македонија
Егејска Македонија денес има околу 2.200.000 жители. Точниот број на лицата што се декларираат себеси како етнички Македонци не е познат, бидејќи при спроведувањето на пописите, не постои графа за националност со наслов Македонци. Според повеќе изјави на раководителите на македонската партија Виножито (пред се Павле Воскопулос) бројката на Македонците во Грција се движи до 400000 луѓе. Сепак поради големите рестриктивни и агресивни асимилациони и денационализаторски мерки кои биле превземани врз Македонците од страна на грчките власти во минатото, голем дел од Македонците во Егејска Македонија се со ниска национална свест, а македонскиот јазик е минимизиран пред се кај младите Македонци. Најголем број на Македонци живеат во западните и северо-западните делови на Егејска Македонија во градовите Лерин, Воден, Костур и нивните околни села. Генерално кажано, грчката влада не признава постоење на македонско малцинство во Грција и поради ова често пати е цел на критики од страна на повеќе странски организации меѓу кои и Хелсиншкиот Комитет.[се бара извор] Во Егејска Македонија не постои образование на македонски јазик, а обидите да се создаде Македонски Културен Центар во Воден, биле спречени од страна на грчката администрација. Во 2006 година во Атина и Солун беше промовирано повторното издание Букварот на современата македонска азбука и јазик, кој за прв пат бил испечатен во 1925 година од страна на грчката влада , што е чекор напред во подобрувањето на малцинските права на Македонците во Егејска Македонија и Грција воопшто.
Општиот став кој владее во Грција е дека тврдењето за постоење на македонско малцинство претставува територијална претензија на Република Македонија.
[уреди] Партии и организации на Македонците во Егејска Македонија
Македонците во Егејска Македонија се организирани во партијата Виножито сo седиште во Лерин, и покрај острите репресии од страна на грчките власти.
[уреди] Надворешни врски
- Виножито - официјален сајт на партијата на македонците во Грција
- Утрински весник - Запис за конгресот на Виножито во Солун
|
|||
---|---|---|---|
Атика | Егејски Острови | Епир | Јонски Острови | Крит | Македонија | Пелопонез | Тесалија | Тракија | Централна Грција Света Гора (автономен регион во Македонија) |