Кондензатор
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кондензаторот е електротехнички елемент, кој може да ја сочува енергијата во облик на електрично поле. Најбитната големина на кондензаторот е неговиот електричен капацитет. SI единицата за електричен капацитет е 1 F (фарад).
Во електрониката, кондензаторот е пасивен електронски елемент, па поради потребата за поголем капацитет и други работни својства се произведуваат технолошки различни видови кондензатори.