Меѓународен Монетарен Фонд
Од Википедија, слободна енциклопедија
Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) е единствената меѓународна организација на која ѝ е дозволено да го надгледува глобалниот финансиски систем преку мониторинг на странските девизни курсеви и балансите на исплата, како и преку нудење на техничка и финанскиска поддршка кога е потребна. Седиштето на ММФ е во Вашингтон.
ММФ се опишува себеси како „Организација на 184 држави, кои работат на глобална финансиска кооперација, сигурна финансиска стабилност, олеснување на меѓународната трговија, промоција на вработувањето и на економскиот раст, и намалување на корупцијата“. Од сите членки на ОН само Северна Кореја, Куба, Лихтенштајн, Андора, Монако, Тувалу и Науру не се интегрирани или пак застапени преку други членки, односно имаат одлучено да не партиципираат.