Адолф Хитлер
Од Википедија, слободна енциклопедија
Адолф Хитлер (20 април 1889 – 30 април 1945) беше водач на нацистите и канцелар на Германија од 1933 до 1945 година.
Адолф Хитлер е роден во Австрија, како син на цариник. Работел како цртач на разгледници и молер. За време на Првата светска војна се борел во Франција, бил изложен на бојни отрови и потоа бил одликуван за храброст.
По поразот на германско-австриските сили, тој станал еден од бројните бесцелни, невработени и депримирани луѓе, кои се сновеле низ Германија и размислувале што ќе се случи со нивната некогаш голема нација.
На оваа тема Хитлер почнал да размислува не како за неуспех во воена смисла, туку како за „нож во грб“ од германските политичари, корумпирани од комунистите и Евреите. Решил да формира партија, која ја нарекол Национална социјалистичка германска работничка партија (накусо нацистичка) и испланирал одмазда за поразот и реставрација на германската величина.
Набргу потоа во себе почнал да открива талент за говорништво и способност да ги врзува луѓето за своите идеи.
Нацизмот почнал вртоглаво да се шири меѓу широките народни маси во Германија, но првиот обид за преземање на власта со сила пропаднал. Но со паѓањето на Германија во длабока економска криза и со растење на невработеноста, Хитлер почувствувал дека дошло неговото време и успеа да си го пробие патот до власта, нудејќи му на народот само едно решение: слепа послушност на неговата волја.
Хитлер успеал на 30 јануари 1933 година да го придобие и натера претседателот Хинденбург да го именува за канцелар. Следната година Хинденбург починал, а Хитлер ги приграбил и неговите функции и се нарекол Фирер (водач).
Набргу потоа Хитлер започнал да размислува за освојување на светот. Се насочил кон соседните земји и со инвазијата на Полска на 1 септември 1939 ја предизвика Втората Светска војна. До 1942 година станал господар на цела Европа и на Советските територии до Москва. Но потоа сојузниците со нивните комбинирани сили ја разбиле германската војска и во април 1945 додека руската артилерија го разорувала Берлин, Хитлер во својот бункер си го одзел животот.
Адолф Хитлер бил генијален на свој начин. Но својот потенцијал го искористил за нечовечни цели - директно бил одговорен за смртта на 50 милиони луѓе, стотици милони ранети и безброј разурнати градови. Овој чудовишен човек, синоним за злото и демонското, на светот му нанел поголемо зло од кога и да е.
Тој бил вегетаријанец, ги сакал децата, ги сакал животните, не пушел и не пиел, но користел амфетамини и до самиот крај и останал верен на својата љубовница.