Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions Јосип Броз Тито - Википедија

Јосип Броз Тито

Од Википедија, слободна енциклопедија

Јосип Броз Тито за време на зимата 1942
Зголеми
Јосип Броз Тито за време на зимата 1942

Јосип Броз Тито (7 мај 1892 - 4 мај 1980) - претседател на Југославија од крајот на Втората Светска војна, па сè до неговата смрт во 1980.

Содржина

[уреди] Рани години

Тито е роден како Јосип Броз во Кумровец, северозападна Хрватска, во регионот Загорје, кој што тогаш претставува дел од Австро-Унгарија. Тој е седмото дете на Хрватот Фрањо и Словенката Марија Броз (моминско име Јавершек).

Во 1907, преселувајќи се од руралната средина, Броз почнува да работи како ученик на клучар во Сисак. Таму станува свесен за работничкото движење и за прв пат го прославува 1 мај - Денот на Трудот. Во 1910 се придружува на синдикатот на металуршките работници и станува член на Социјалдемократската Партија на Хрватска и Славонија. Помеѓу 1911 и 1913, Броз работи на пократки периоди во Камник, Словенија; Ценково, Чешка; Минхен и Манхајм, Германија, каде што работи за автомобилската фабрика Бенц; потоа оди во Виена, Австрија каде што работи во Дајмлер како тест возач.

Од есента 1913, Броз служи во австро-унгарската армија; во мај 1914 добива сребрен медал за натпревар во мечување во Будимпешта. На почетокот на Првата Светска војна, тој е испратен во Рума. Уапсен е за антивоена пропаганда и затворен во Петроварданската тврдина. Во 1915, испратен е на источниот фронт во Галиција да се бори против Русија. Во Буковина е сериозно ранет. Во април, целиот негов батаљон паѓа во руско заробеништво.

Тито во 1928
Зголеми
Тито во 1928

По неколку месеци поминати во болница, Броз е испратен да работи во камп во планините Урал во есента 1916. Во април 1917 е уапсен за организирање демонстрации за воените затвореници, но подоцна бега и им се придружува на демонстрациите во Санкт Петерсбург на 16-17 јули 1917. Бега за Финска да ја избегне полицијата, но е уапсен и затворен во тврдината Петропавловск на три недели. Во ноември влегува во Црвената Армија во Омск, Сибир. Во пролетта 1918, се пријавува за членство во Руската Комунистичка Партија.

Во 1920, станува член на наскоро забранетата Комунистичка партија на Југославија. Во 1934 станува член на Политичкото Биро на Централниот Комитет на Партијата, кое тогаш е основано во Виена. Оттогаш почнува да го користи прекарот „Тито“.

Во 1936, Коминтерната го праќа Валтер (т.е. Тито) назад во Југославија од Москва за да ја среди тамошната Комунистичка партија. Во 1937 станува генерален секретар на Југословенската Комунистичка Партија. Во овој период верно ја следи политиката на Коминтерната, застанувајќи целосно на страната на Сталин во неговата борба против неговите соперници во Руската комунистичка партија.

[уреди] Втора Светска војна

Откако Југославија е заземена од Силите на Оската во април 1941, комунистите меѓу првите го организираат движењето на отпорот. Јавниот повик на Тито за вооружен отпор против окупаторите датира од 4 јули 1941. Тој станува Главен командант на Народно-ослободителната војска. Партизаните на оваа армија поставуваат широка партизанска борба и почнуваат да ослободуваат територии во кои ги организираат народните комитети да дејствуваат како цивилна влада.

Тито е виден водач на Антифашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Југославија (АВНОЈ) што се одржува во Бихаќ во 1942 и Јајце во 1943 и ја поставува основата за повоената организација на земјата, создавајќи федерација. На 4 декември 1943, за време на германската окупација на Југославија, Тито ја прогласува привремената демократска југословенска влада.

За време на Втора Светска војна, неговите активности се често подржувани директно од страна на силите на западните Сојузници. Во тоа време, Сојузниците им предаваат мисии за поврзување на главните штабови на партизаните, со бригадир Фицрој МакЛин играјќи значајна улога. Заради блиските односи со Сталин, Тито често запаѓа во расправии со британските и американските официри задолжени за неговите штабови.

На 5 април 1945, Тито потпишува договор со СССР дозволувајќи им „привремен влез на советските трупи во југословенските територии“. Помогнати од Црвената Армија, партизаните ја добиваат војната во 1945. Југословенската Ослободителна војна се смета за единствена победа во Втора Светска војна постигната од страна на домашни партизански сили, иако со мала помош од надвор.

Сите западни сили се повлекуваат од југословенска почва по крајот на борбите во Европа. Останатите фашистички трупи на Усташите и кралските Четници и нивните подржувачи биваат судени и егзекутирани во голем број.

[уреди] Повоен период

Тито станува премиер и министер за надворешни работи на повоена Југославија. Тој останува во тие функции до 13 јануари 1953, кога го наследува Иван Рибар на функцијата Претседател на Југославија. На 7 април 1963, земјата го менува официјалното име на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Јосип Броз Тито е именуван претседател до крајот на неговиот живот.

Владеењето на Тито има карактеристики на просветена диктатура. Комунистичката партија ја одржува својата власт не отфрлајќи го користењето на политички мотивирани судења и затворања, но сепак репресијата под власта на Тито не беше толку изразена во споредба со останатите комунистички режими. Покрај тоа, Партијата ја консолидира земјата што беше сериозно погодена од војната и успешно ги потиснува националистичките чувства на југословенските народи, во замена за општо-прифатената југословенска цел.

Тито исто така е меѓународно познат како прв комунистички лидер што го победи Сталин дистанцирајќи се од Советскиот Сојуз, по Резолуцијата на Информбирото. Комунизмот на Тито се означува како титоизам од страна на Москва, што охрабрува чистки на осомничени „титоисти“ низ целиот комунистички блок.

За време на Тито, Југославија станува основач на Движењето на неврзаните. Во 1961, Тито го создава Движењето заедно со Гамал Абдел Насер од Египет и Џавахарлал Нехру од Индија, создавајќи силни врски со земјите од Третиот свет.

Во период во 1960-те и 1970-те, одредени интелектуалци на Запад гледаат на Титовиoт модел на самоуправување и пазарен социјализам како точка во која советскиот и западниот економски систем ќе конвергираат со текот на времето. Југословенскиот стандард на живеење е значајно повисок од оној во другите земји од Источна Европа, особено затоа што на Југословените им е дозволено да патуваат без проблеми кон Западна Европа и други земји, влевајќи странски пари во домашната економија.

Најголемата сила на Тито во очите на Западот е неговиот успех во сузбивање на националистичките чувства и одржување на единството во земјата. Титовиот повик за единство и поврзаните методи се тие што ги држат народите на Југославија заедно. Оваа способност се става на тест неколку пати за време на неговото владеење, особено за време т.н. Хрватска Пролет (исто така означувана и како „масовно движење“ и „маспок“) кога владата ги сузбива и јавните демонстрации и различните мислења во Комунистичката Партија.

Во 1980, Тито е прифатен во клиничкиот центар во Љубљана, Словенија со проблеми на циркулација во нозете, по што неговата лева нога е ампутирана. Тој умира таму на 4 мај 1980, а неговиот погреб привлекува многу светски политичари. Тоа е најголемиот погреб во светската историја по оној на папата Јован Павле II според бројот на политичари и државни делегации.

[уреди] По смртта на Тито

Веднаш по смртта на Тито, започнуваат шпекулации околу тоа дали неговите наследници би можеле да ја задржат Југославија цела. Етничките поделби и конфликти растат и по една деценија по неговата смрт конечно еруптираат во серија војни.

Тито е погребан во мавзолеј во Белград, наречен Куќа на цвеќето, и многу луѓе го посетуваат тоа место како храм за подобрите времиња, иако веќе не носи белег на чест.

Подароците што Тито ги прима за време на неговото претседателство се чуваат во Музејот на Историјата на Југославија (чии стари имиња се „Музеј 25 Мај“ и „Музеј на Револуцијата“) во Белград. Вредноста на оваа колекција е бесценета: таа вклучува многу светски-познати уметници, вклучувајќи оригинални дела на Франциско Гоја и други.

За време на неговиот живот, а особено во првата година по неговата смрт, неколку места се именувани по Тито. Во Република Македонија градот Велес во чест на Тито одреден период го носеше називот „Титов Велес“.

[уреди] Семејство

Првата сопруга на Тито е Пелазгија Броз која му раѓа син, Жарко. Неговата втора жена е Херта Хас, која во мај 1941 му раѓа син, Мишо. Најпозната сопруга на Тито е последната, Јованка Броз. Негови видни внуци се Александра Броз, театарски режисер во Хрватска и Светлана Броз, кардиолог и писател во Србија.

Тито е најверојатно роден на 7 мај, но неговиот роденден се слави на 25 мај откако тој станува претседател на Југославија. Неговиот роденден се славеше како Ден на Младината на СФРЈ.

[уреди] Тривија

[уреди] Видете исто така

[уреди] Надворешни врски


Претседатели на Социјалистичка Федеративна Република Југославија Знаме на СФРЈ
Рибар | Броз | Колишевски | Мијатовиќ | Крајгер | Стамболиќ | Шпиљак | Ѓурановиќ | Влајковиќ | Хасани | Мојсов | Диздаревиќ | Дрновшек | Јовиќ | Месиќ

Static Wikipedia (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu