Движење на неврзаните
Од Википедија, слободна енциклопедија
Движењето на неврзаните е меѓународна организација во која членуваат 118 земји членки главно земји во развој. Движењето на неврзаните се занимава со прашањето на националните борби за независност, надминувањето на сиромаштијата, економскиот развој на земјите во развој и се противи на колонијализмот, империјализмот и нео-колонијализмот. Земјите членки на Движењето на неврзаните претставуваат 55% од населението на Земјата и речиси 2/3 од членките на Обединетите нации.
СФР Југославија до својот распад беше една од основачите и предводниците на Движењето. Нејзините земји наследнички по стекнувањето на независност го изгубија интересот за членување во движењето, но некои, Босна и Херцеговина и Србија и Црна Гора, имаат статус на набљудувачи.
[уреди] Самити на Движењето на неврзаните
Самитите на Движењето на неврзаните обично се одржуваат на секое три години.
- Првиот самит на Движењето се одржува во Белград од 1 до 6 септември 1961 година. На самитот учествуваат 25 држави: 11 од Африка и Азија и Југославија, Куба и Кипар.
- Вториот самит се одржува во Каиро од 5 до 10 октомври 1964 година. Учествуваат 46 држави, при што најголем дел од новите членки се новите независни земји од Африка. Главни теми за дискусија се Израелско-арапскиот конфликт и Индиско-пакистанскиот конфликт.
- Третиот самит се одржува во Лусака од 8 до 10 септември 1970 година. Учествуваат 54 држави.
- Четвртиот самит се одржува во Алжир од 5 до 9 септември 1973 година. Светската нафтена криза од 1973 година е главна тема на самитот.
- Шестиот самит се одржува во Хавана од 3 до 9 септември 1979 година. Главната тема на самитот е односот на Движењето кон СССР и се дискутира околу формирањето антиимперијалистички сојуз со СССР.
- Осмиот самит се одржува во Хараре од 1 до 6 септември 1986 година.
- Деветтиот самит се одржува по втор пат во Белград од 4 до 7 септември 1989 година.
- Десеттиот самит се одржува во Џакарта од 1 до 7 септември 1992 година.
- Единаесеттиот самит се одржува во Картахена од 18 до 20 октомври 1995 година.
- Дванаесеттиот самит се одржува во Дурбан од 2 до 3 септември 1998 година.
- Тринаесеттиот самит се одржува во Куала Лумпур од 20 до 25 февруари 2003 година.
- Четиринаесеттиот самит се одржува по втор пат во Хавана од 11 до 16 септември 2006 година. На самитот е усвоена декларација со која се осудува употребата на прекумерна сила од страна на Израел во текот на Израелско-либанската војна, повикани се Обединетите Нации да бидат порепрезентативни за помалите земји членки, поддржана е иранската програма за нуклеарна технологија (за мирољубиви цели) и е осудена надворешната политика на САД.
[уреди] Види исто така
- Г-77
- Трет свет