Велес
Од Википедија, слободна енциклопедија
Велес е град во центарот на Република Македонија, кој се наоѓа на двата брега на реката Вардар.
Содржина |
[уреди] Население
Градот Велес има 45643 жители од кои 42988 (94,18%) се Македонци, во помала број се застапени Власите, Турците и Србите.
Општина Велес брои 55 108 жители од кои 46 767 (84,86%) се Македонци.
[уреди] Стопанство
Велес е многу значаен идустриско-стопански центар и сообраќајно-железничка крстосница.Од Велес се двојат пругите кон Кочани и Битола,и продолжува меѓународната кон Солун. Од индустриските капацитети ќе ги споменеме Топилницата за олово и цинк МХК Злетово (која го направи Велес,најзагаден град во Европа), Фабриката за вештачки ѓубрива, Фабриката за вагони и шински возила Колска, Текстилната индустрија Нонча Камишова (денес Нока Текс), Индустријата за порцелан и керамика, Индустријата за ќерамиди. Во поново време во развој се трговијата и угостителството.
[уреди] Историја и потекло на името Велес
Велес постои како урбана населба од 168 година п.н.е. Но најпрвин старите антички населби односно Вила Зора биле источно (кон Свети Николе) во однос на денешната положба на градот. Со подцнежното населување на Словените градот бил сместен на денешната положба и го добил денешното име Велес. Градот имал средна економска развиеност обично преку трговијата која се обавувала со сплавови по Вардар кон Солун и Скопје. Меѓутоа Велес доживува вистински економски развиток преку изградбата на Вардарската железница (Солун-Скопје) кон крајот на XIX век,а подоцна и со железничката пруга кон Прилеп и Битола во 30-тите години на XX век.
Во времето на Македонското национално будење и револуцинерно - ослободителното движење Велес има дадено значајни Македонски борци и просветители. Од Велес и велешко најпознати Македонски национални дејци биле: еден од основачите на ВМРО Петар Поп Арсов (инаку од селото Богомила), непобедливиот велешки војвода Андреја Димов Докурчев, Гемиџиите, Панко Брашнаров итн. Во повоената ослободена Македонија Велес ќе доживее вистински подем особено во индустријализацијата со отварањето на многуте фабрики (за жал денес затворени), а црна дамка на овој период ќе останат Велешките Егзекуции извршени во 1945 година врз неколку видни Велешани под сомнение дека биле соработници на бугарскиот окупатор.
Во текот на историјата градот често го менувал името од Вила Зора, преку Ќупурли до Велес (од 1946 до 1991 година градот го носеше името Титов Велес). Денешното име го добил во VII век со доаѓањето на Словените на Балканот, од словенското В ЛЕС што значи „в шума“ (заради густите шуми што го опкружувале) што е поточна констатација. Но некои слависти сметаат поради голите тревнати ридишта и реката Вардар местото го населувале сточари чиј словенски бог на стадата бил Велес.
[уреди] Културата во Велес
Културата во Велес ја афирмираат Велешкиот театар и разни културни манифестации како Рацинови Средби и др. Во 2004 година беше прогласен за град на културата од министерството за култура на Република Македонија.
Во Велес се отворени: првото училиште на македонски јазик, првата гимназија, првиот театар, првата библиотека, првиот музеј и првото музичко училиште во Македонија. Меѓу зачуваните средновековни споменици, најпознат е манастирот Св. Димитрија (XIV век), а како архитектонска вредност, најпозната е црквата Св. Пантелејмон (XIX век).
Во Велес се одржуваат Рациновите средби во чест на Кочо Рацин.
[уреди] Населби и маала во Велес
- Којник
- Бузаана
- Солено Чешмиче
- Дуќани
- Црна Џамија
- Прцорек
- Поток
- Тунел
- Влашка Чешма
- Ќерамидна
- Превалец
- Рамина
[уреди] Туризам
Најголема туристичка атракција во блиската околина на Велес е античкиот град Стоби. Покрај тоа, значајни се локалитетот Бреза и локалитетот Пешти, кој изобилува со пештери (со археолошки остатоци од неолитот, ранохристијански пештери).
Во Општина Велес има осум основни и четири средни училишта, спортско игралиште, спортска сала, базен, театар, музеј, библиотека, кино-сала, десет цркви и манастири и џамија.
[уреди] Познати личности од Велес
- Кочо Рацин - македонски поет и револуционер, учесник во НОБ
- Панко Брашнаров - македонски револуционер и учител кој го отворил Првото заседание на АСНОМ
- Рајко Жинзифов - македонски преродбеник од XIX век
- Јордан Хаџи Константинов - Џинот - македонски национален просветител и учител и прв драмски писател од XVIII век
- Васил Главинов - основоположник на социјалистичкото движење во Македонија
- Исто така поголемиот дел од Гемиџиите биле од Велес
[уреди] Надворешни врски
Градови во Македонија | ![]() |
|
---|---|---|
Берово | Битола | Богданци | Валандово | Велес | Виница | Гевгелија | Гостивар | Дебар | Делчево | Демир Капија | Демир Хисар | Кавадарци | Кичево | Кочани | Кратово | Крива Паланка | Крушево | Куманово | Македонски Брод | Македонска Каменица | Неготино | Охрид | Пехчево | Прилеп | Пробиштип | Радовиш | Ресен | Скопје | Струга | Струмица | Свети Николе | Тетово | Штип |