Хонг Конг
Од Википедија, слободна енциклопедија
|
|||||
Парола: нема | |||||
Химна: Марш на доброволците | |||||
Официјален јазик: | · кинески (кантонски, de facto) · англиски |
||||
Главен град: | нема Историски, главниот град на територијата Хонг Конг бил Викторија Сити; владините институции се наоѓаат во централната и западната област. |
||||
Претседател: | Ху Јинтао | ||||
Премиер: | Доналд Тсанг | ||||
Површина: - вкупно: - % вода: |
нерангиран. по големина 1,104 km² 4,6% |
||||
Население: - вкупно (2005): - Густина: |
97. по големина 7,041,000 6/km² |
||||
Независност: | вратен на Кина на 1 јули 1997 | ||||
Валута: | Хонгконгшки долар (100 центи) | ||||
Временска зона: | UTC +8 | ||||
Интернет домен: | .hk | ||||
Повикувачки број: | +852 (01 од Макао) | ||||
Хонг Конг - специјален административен регион на Народна Република Кина (традиционален кинески: 中華人民共和國香港特別行政區 изговор на мандарински ) е еден од двата специјални административни региони (САР) на Народна Република Кина (НРК), а другиот е Макао. Вообичаено се нарекува едноставно Хонг Конг (кинески: 香港, парфимирано пристаниште, кантонски: Heūng góng ; стандарден мандарински: Xiānggǎng), што често се пишува Хонгконг. Владата на Хонг Конг официјално го променила името од Хонгконг во Хонг Конг на 3 септември 1926.
Хонг Конг се наоѓа на источната страна на делтата на Бисерната Река на југоисточниот брег на Народна Република Кина, и излегува на Јужното Кинеско Море, а се граничи со провинцијата Гуангдонг на север. Хонг Конг е една од најлибералните економии во светот, и е финансиски и трговски центар. Хонг Конг е најбогат регион на Кина - има најголем БДП по жител.
Хонг Конг се состои од островот Хонг Конг (уште познат како Сјанган), полуостровот Коулун и Новите Територии. Населението е околу 7 милиони жители, пришто најзастапена етничка група се Кинезите (96%). Паричната единица е хонгконгшки долар.
Хонг Конг била британска колонија од 1842, сѐ додека суверенитетот не бил пренесен на НР Кина во 1997. За време на Втората светска војна од 1941 до 1945 бил под јапонска окупација, за повторно да го запоседнат Британците. Управуван е како специјален административен регион под Основниот закон за Хонг Конг (англиски: Basic Law of Hong Kong). Под условите на кинеско-британската заедничка декларација, НР Кина ветува дека Хонг Конг ќе има релативно голем степен на автономија сѐ до барем 2047, педесетина години од трансферот на суверенитетот. Според политиката "една држава, два система", Хонг Конг ќе го задржи својот правен систем, валута, царинска политика, културно и трговско претставување, меѓународните спортски тимови и имиграциските закони, со тоа што НР Кина, односно централната влада во Пекинг, ќе го претставува Хонг Конг дипломатски и воено.