Дипломатија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Зборот "дипломатија" потекнува од грчкиот збор диплома- во Античка Грција дипломата била државен документ кој се давал на определено лице како препорака или уверение за неговите официјални овластувања да ја преставува државата во други земји. Носителот на диплома започнал да се нарекува дипломат, а од таму и дејноста сврзана со тие лица го добила името дипломатија. Во меѓународната доктрина постојат различни определби за поимот дипломатија. Така некои автори сметаат дека дипломатијата е уметност- дипломатија е уметност и пракса на водење на преговори меѓу овластени личности, кои претставуваат групи или нации. Најчесто се однесува на меѓународна дипломатија, водење на меѓународни односи преку посредувањето на професионални дипломати во врска со прашања поврзани со постигнувањето на мир, култура, економија, трговија и војна. Додека други автори сметаат дека дипломатијата е наука со определени задачи, методи, правила и норми. Се среќава и разгледување на дипломатијата во тесен и широк смисол. В првиот случај дипломатијата е уметност за представување и водење на преговори со официјални лица од туѓи држави, додека во широк смисол дипломатијата е официјалната дејност на органите за надворешни/меѓународни односи, севкупност од разнообразни средства, методи и форми со коишто се користи државата во водењето на надворешните функции. Со анализа, се откриваат неколку општи црти за поимот дипломатија: прво- дипломатијата наоѓа израз во областа на меѓународните надворешни односи. второ- основен метод за спроведување на дипломатската дејност се преговорите. трето- дипломатската работа се извршува од официјално задолжени лица. Дипломатската дејност се регулира од општо прифанатите принципи на современото меѓународно право, коешто ја создава основата на дипломатското право. Основниот универзален документ којшто ги содржи принципите на дипломатската дејност е Уставот на ООН. За реализација на својата надворешна политика секоја држава има специјализиран апарат со систем од органи за надворешни односи. Тие можат да бидат внатрешнодржавни и задгранични органи за надворешни односи. Внатрешнодржавни се: Парламентот, Претседателот, Министерството за надворени работи и специјализирани внатрешнодржавни органи. Додека задграничните органи се делат на постојани и времени, постојани се: дипломатските , трговските и претставништва во меѓународните организации. Се смета дека најстарите споменици на дипломатијата потекнуваат од Египет- ЕлАмаранската преписка од 15 и 14век п.н.е( 360 глинени плочки коишто содржеле дипломатски писма помеѓу египетски фараон и туѓи владетели). Во неформална или општествена смисла, дипломатијата е употребување на такт да се добие стратешка предност, збир на алатки за формирање на изјавите на неконфронтирачки начин.