Њујорк
Од Википедија, слободна енциклопедија
-
- Оваа страница се однесува на градот Њујорк. За сојузната држава видете Њујорк (сојузна држава).
Њуjорк (англиски: New York City), познат и како Големото Јаболко (The Big Apple), е најголемиот град во Соединетите американски држави. Градот е интернационален финансиски, политички, забавен и културен центар. Њуjорк е еден од светските глобални градови. Тој е дом на бројни музеи, галерии, интернационални корпорации, а исто така е и важен пазарен центар. Градот е дом и на организацијата на обединетите нации.
Њуjорк е лоциран во државата Њуjорк и има население од преку 8 милиони жители на површина од 309 квадратни милји (или 800 km²). Тој е срцето на Метрополитен, кој е една од најголемите урбани конгломерации во светот со население од околу 22 милиони жители. Њуjорк се состои од пет дела: Бруклин, Бронкс, Менхетн, Квинс и островот Стејтен, од кои сите се со над 1 милион жители.
Во градот се наоѓаат големи популации од имигранти од околу 180 земји, кои го прават градот еден од најголемите космополитен-места на светот.
Градот служи како извор за глобалната економија, со приближен бруто метрополитен доход од околу 500 билиони долари. Направени се проценки дека, ако градот беше нација, тој ќе го имаше седумнаесеттото место по бруто домашен доход во светот (повеќе од Швајцарија, а нешто помалку од Русија).
[уреди] Надворешни врски
- Изложба на слики и цртежи во Њујорк
- Галерија со фотографии
- Галерија за Њујорк
- air visit of all the borough of New York in photographs