Економија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Поимот економија (на грчки Οικονομικά) потекнува од грчките зборови „еко“ (οίκω=house) и „номос“ (νέμω=закон) и претставува општествена наука што се занимава со изучување на прераспределбата на недостатните ресурси со помош на мерливи менливи. Овие изучувања вклучуваат анализа на производство, дистрибуција, трговија и потрошувачка на добра и услуги. Економијата се смета за позитивна кога се обидува да ги објасни последиците на различните избори во даден сет претпоставки и набљудувања, и нормативна кога препорачува одредена постапка што треба да се преземе.
Економската наука се дели на две гранки: микроекономија, што се фокусира на индивидуалните субјекти, како што се домаќинствата и претпријатијата, и макроекономија, што гледа на економијата на една држава или регион во целост, земајќи ги во предвид агрегатните понуда и побарувачка за пари, капитал и стоки.
[уреди] Види исто така
- Листа на економисти
- Листа на економски системи
- ММФ
- Политичка економија
- Економска политика
- Сметководство