Дипломатско право
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Дипломатското право е дел (гранка)на современото меѓународно право. Дипломатската дејност во сите нејзини форми и методи треба да биде сообразена со современото меѓународно право. Тоа е така зошто дипломатијата како средство за надворешната политика на државата е тесно сврзана со меѓународните односи. Како што е познато меѓународното право преставува севкупност од правни норми, коишто ги регулираат односите меѓу субјектите на меѓународното право. Во меѓународната доктрина постои мислење дека дипломатското право и не è дел од меѓународното право, а самостојно и независно од него. Објект на дипломатското право се оние меѓународни односи, коишто се сврзани со официјалната дејност на државните органи за надворешни односи. Дипломатското право ја регулира дејноста на државата, сврзана со нејзините дипломатски односи, односно формите за организација, дејствие и правната положба на постојаните дипломатски претставништва. Со оглед на тоа дипломатското право содржи двонасочен процес: од една страна за испраќање на претставништва (активно дипломатско прво),а од друга страна примање на претставништва (пасивно дипломатско право). Изворите на дипломатското право се дел од изворите на меѓународното право- меѓународниот договор и меѓународниот обичај.