Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
ВМРО во Првата балканска војна - Википедија

ВМРО во Првата балканска војна

Од Википедија, слободна енциклопедија

Статија за уредување
ВНИМАНИЕ
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.

Содржина

[уреди] Настаните во ВМРО

Сите раководители на ВМРО заминале во илегала, со задачи да го подготват населението и локалните војводи на дадениот повик да ги започнат дејствата. Мелничкиот округ бил поделен на околии, на реони и на села, а така се формирале и единиците, односно вооружените формации. Центар на округот бил Мелник, а главен раководител Јане Сандански. Негов помошник бил Ѓорѓи Казепов, кој воедно бил и околиски војвода.

Од Мелник биле раководени и координирани дејствата во целиот Серски револуционерен округ. Покрај македонското, поради авторитетот на Сандански, во неговите формации самоиницијативно се пријавувало и влашко, еврејско, дури и грчко население. Овие чети за партизански дејства ја вршеле разузнавачката и известувачката служба.

Тодор Александров се обидел преку Христо Чернопеев и Казепов да контактира со Јане Сандански, со цел да ги распушти серските другари и да ги стави под команда на штабот на ВМРО. Сандански во почетокот одбивал секаква соработка со штабот на Александров. По тоа прашање закажал средба со своите војводи. Средбата се одржала на Пирин и било констатирано дека штабот на Александров се обидува да ја стави Серската организација под своја команда. Распуштањето на другарите за Сандански било апсолутно неприфатливо.

Меѓутоа, со оглед на неизбежноста на војната и во името на Македонија се согласил на спогодување со четите на Александров. До почетокот на војната, Сандански успеал да мобилизира околу 2.000 луѓе. Борбените дејства Сандански ги започнал на 5 октомври 1912 година, односно 13 дена пред соседните земји да и објават војна на Турција. Еден дел од овие сили се борел источно од Пирин кон Неврокоп (Годе Делчев) и Драма, а другите се бореле во областа на Мелник и Свети Врач (Сандански), односно го ослободиле Мелник и ги продолжиле дејствата кон околните места.


На планината Плачковица уште пред објавувањето на војната се појавиле повеќе доброволни селски чети. Пристигнале и неколку партизански водови на ВМРО. Овде се нашле и војводите Георги Поп Христов, Марко Иванов, Павел Христов, Васил Чакаларов, Иван Попов и Христо Силјанов. Оттука се префрлувале кон Тиквеш, кон Гевгелија и за Костурско. Насекаде на четите им се приклучувало месното население, а се воделе и активни борбени дејства. За кратко време биле ослободени повеќе села, а на 20 октомври бил ослободен градот Воден, каде што била воспоставена власт од месното население.

Војводите кои уживале силен авторитет уште од Илинденското востание, па за кратко време била ослободена голема територија на просторот Костур-Лерин-Воден. Во ноември 1912 година, турската војска презела противофанзива кон ослободената територија. Меѓутоа, многубројната селска милиција и партизанските чети на ВМРО во содејство со сојузничките сили (српската и грчката војска) успеале да ја одбијат турската офанзива. Сепак, по завршувањето на Првата балканска војна на 12 декември 1912 година, четите на ВМРО се повлекле кон Бугарија, четите на месната милиција биле распуштени, а српските и грчките власти паралелно воспоставувале своја власт и воделе преговори за поделба на Македонија.

Активноста на месната селска милиција особено била значајна во реонот на Куманово, каде што речиси секое село имало своја чета. Во овој реон, селската милиција имала неколку илјади души. Во времето на движењето на турската војска, милициските чети од зад грб ги напаѓале турските позиции. На 10 и 11 октомври 1912 година, кај село Орашец селската милиција ги нападнала позициите на турската тешка артилерија и запленила повеќе орудија. Потоа пристигнала четата на ВМРО со војводата Крсто Лазаров, па во содејство ги нападнале турските сили и на тој начин дале голем придонес во брзиот пробив на српската војска. Во Скопскиот округ дејствувале четите на ВМРО со кои раководел Тодор Александров. Во скопските села била активна селската милиција, која содејствувала со четите на ВМРО.

Во реоните на Штип и на Кочани четите ги предводеле војводите Ефрем Чучков, Симеон Ѓорѓиев, Оровчанов и други. Во Солунскиот реон најголема чета имал војводата Ичко Димитров. Се појавиле и други партизански водови и чети на ВМРО, на кои им се приклучувале месните селски чети.


[уреди] Борбени акции низ цела Македонија

Прилепските чети, на пример, на 20 октомври го ослободиле селото Тополчани, а на 23 октомври 1912 година влегле во Прилеп како ослободители. Ослободена голема територија и во реонот Костур-Лерин-Воден. Македонските борци, сепак, беа изложени на големи понижувања, навреди, па и отворени закани од страна на сојузничките команданти.

Во котлината на реката Струмешница се организирало месното македонско население. Се формирала селска милиција од околу 700 души, кои на 19 октомври 1912 година успеале да ги ослободат селата Иловица и Сушица. Потоа пристигнале четите на Лефтеров и на Иван Смоларски, па со заеднички сили на 20 декември разбиле еден турски одред. Во прилепскиот реон се борела четата на Крсто Гермов, која била наречена Прилепски летечки одред. Во неа, главно, влегувало месно население и содејствувало со четата на ВМРО на војводата Милан Ѓурлуков. Во Прилепско, на повикот за војна, населението масовно се пријавувало и се формирала месна милиција од повеќе чети. Војводите Мирче и Аргир мобилизирале околу 1.000 милиционери и на 15 октомври 1912 година разбиле еден турски коњанички одред на просторот меѓу Прилеп и Плетвар. На 20 октомври го ослободиле селото Тополчани, а на 23 октомври 1912 година влегле во Прилеп како ослободители.

На Селечка Планина кај Студенчица прилепската месна милиција, дејствувајќи во тилот на турската војска, успеала да заплени големи количества храна и воен материјал. На планината Бабуна прилепските чети овозможиле српската војска да ги пробие турските позиции на Присад, поради што војводата Ѓурлуков добил лично благодарност од српскиот престолонаследник кнезот Александар. Потоа србите сите чети, без разлика, ги нарекувале бугарски, а војводата Ѓурлуков го прогласиле за штетен за српската политика, па го затвориле.

[уреди] Четите на Сандански во дејство

На почетокот Јане Сандански е против тоа да се учествува во балканските војни, но големото разочарување што го доживеал од Младотурците и бесната пропаганда што ја покренуваат новопечените балкански сојузници против Турција, придонеле тој да го смени својот став.

Целиот Серски револуционерен округ на нозе и под оружје.

Силите на Сандански биле под команда на бугарската 7 Рилска дивизија и дејствувале на нејзиното десно крило. За движењето на покрупните турски сили била известувана командата на 3. бригада на 7. Рилска дивизија. Бугарските офицери известувале дека секој ден добиваат по 5.000 леба дневно и друга храна од Јане Сандански и дека тој организирал болница за бугарските ранети војници.

Вооружените борби силите на Сандански ги започнале со извршувањето диверзии во тилот на турската војска и со напади на помали формации. Под непосредна команда на Сандански на 14 октомври во 1912 година бил ослободен Мелник и била воспоставена локална граѓанска власт. При повлекувањето, турските сили извршиле злосторство врз 26 Македонци и врз Гркот Манолис Кордопулос, кој бил близок пријател на Сандански. Покрај ослободувањето на Мелник, силите на Сандански за краток период го разбиле турскиот гарнизон во село Црвиште, и Сандански завладеал со целата струмска долина од Мелник до Рупелската Клисура.

[уреди] Неволно согласување

Јане Сандански веднаш по дознавањето за српско-бугарската спогодба на своите соборци им изјавил дека не е можна спогодба меѓу Србите и Бугарите доколку не се работи за поделба на Македонија. Поради тоа, а следејќи ја и мислата на Гоце Делчев дека за Македонија е подобро да остане под турска власт отколку да ја распарчуваат соседите, Сандански бил против Балканските војни доколку тие не се водат за создавање на една балканска федерација. Таквиот став Сандански го искажал со зборовите: Тие што ќе дојдат да нѐ ослободат, всушност ќе не поробат.

Покрај Јане Сандански, односно Серското крило на ВМРО, против Балканските војни биле и македонските социјалисти, Учителската организација и други. Тие ослободувањето на Македонија го гледале во можноста за создавање обласна самоуправа во Македонија во демократизирана Турција и во можноста за создавање независна македонска држава во слободна демократска заедница на балканските народи. Таквата идеја кај наведениве македонски сили била застапувана уште од периодот на Младотурската револуција.

Меѓутоа, непосредно пред Балканските војни, овие сили под влијание на соседните пропаганди во Македонија биле потиснати. Со оглед на тоа што во српско-бугарската спогодба, Бугарија се откажала од прелиминарниот Санстефански договор и поради тоа што на Македонија двете потписнички ѝ ветувале автономија, сите македонски сили (ВМРО и МВК), па и Јане Сандански одлучиле да учествуваат во Балканската војна под бугарска Врховна команда. Сандански ги вклучил своите чети под команда на бугарската 7 Рилска дивизија.

Серската група не можејќи да остане во средината, решила да ја помогне бугарската царска армија. Според некои извори, Сандански се определил, во крајна линија, за соработка со Бугарија поради претпоставката дека Бугарија имала најголеми изгледи да ја заземе цела Македонија, со надеж на тој начин да ја зачува нејзината целост и единство, не откажувајќи се притоа од принципот Македонија на Македонците и од остварувањето на истиот. Меѓутоа, неговата определба за Бугарија и самите бугарски офицери ја сметале како сојузничка.

Согледувајќи ја новонастанатата состојба, Серската револуционерна група: Јане Сандански, Александар Бујнов, Тодор Паница, Таската Серски и други, во почетокот на јуни во 1912 година одржале советување во Солун. На советувањето, било решено да земат активно учество во војната и да заминат за Источна Македонија и да ги започнат подготовките. До септември во 1912 година веќе биле извршени организациските и логистичките подготовки. Во почетокот на септември, во Мелник било одржано второ советување, на кое се расправало за воените прашања.

[уреди] Дејствата на месните македонски чети

Во отсуство на единствено македонско политичко и воено раководство одредени македонски војводи се обиделе да ги надминат меѓусебните недоразбирања и барале да прекинат непријателствата меѓу македонските фракции, четите да содејствуваат. Првиот обид за помирување и заеднички содејства на четите на ВМРО, на Сандански и на врховистичките чети го направил Христо Чернопеев кој упатил повик до Јане Сандански и до Тане Николов. Сандански помирувањето не го прифатил, но непријателството го замрзнал поради војната.

Во тоа време Јане Сандански, предводејќи го Серскиот округ, веќе донел одлука за започнување војна. Во неговата одлука се предвидувало заминување во нелегалност, соработка со сите соседни воени сили што се борат против османлиската војска, но македонските единици да бидат самостојни и од соседните земји да бидат третирани како рамноправен сојузник во сојузничката војна. Јане Сандански го започнал организирањето на македонските вооружени сили во Серскиот округ. По долината на реката Струма борба развиле и четите на Христо Чернопеев, со бројна состојба од 70 души. Кон оваа чета пристапиле и партизанските водови на Георги Занков, Стефан Чавдаров и Михаил Чаков, со вкупно 35 четници. Потоа им се придружила и четата на Таско Стоилков, со што се создало јадро од 150 четници. Со оваа чета командувал Христо Чернопеев, а бројната состојба постојано се зголемувала од селската милиција. Првата воена акција на четата се водела за ослободување на Банско. Потоа, на 27 октомври 1912 година, четата на Чернопеев заедно со четите на војводите Пејо Јаворов и Јонко Вапцаров ја ослободиле и Кавала.

Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com