Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Гоце Делчев - Википедија

Гоце Делчев

Од Википедија, слободна енциклопедија

За други значења на поимот, видете Гоце Делчев (појаснување).
Гоце Делчев
македонски револуционер
Роден 4 февруари, 1872
Кукуш, Егејска Македонија (ден. Грција)
Починал 4 мај, 1903
краj Баница, Егејска Македонија (ден. Грција)
Устав на ВМОРО.
Зголеми
Устав на ВМОРО.
Серијал:

Историја на македонскиот народ

Праисториска Македонија
Античка Македонија
Римска Македонија
Средновековна Македонија
Македонија во Отоманската империја
Создавање на македонската нација (19 век)
Народно-ослободителна борба
Социјалистичка Република Македонија
Република Македонија
Теми
Македонски јазик Македонска книжевност
Македонска култура Македонци

Гоце Делчев (1872 - 1903) е сметан за еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ, лидер на Тајната Македонско - Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), подоцна преименувана во Внатрешно Македонска Револуционерна Организација (ВМРО).

Содржина

[уреди] Биографија и револуционерна дејност

Писмо Гоце Делчев до Никола Малешевски 1897 година (втора страница):  „Кој знае дали има народ кој толку многу да трпел од своите синови изроди, како Македонскиот“. прва страница; трета страница.
Зголеми
Писмо Гоце Делчев до Никола Малешевски 1897 година (втора страница): „Кој знае дали има народ кој толку многу да трпел од своите синови изроди, како Македонскиот“. прва страница; трета страница.

Гоце Делчев е роден на 23 јануари (4 февруари), 1872 во Кукуш, Егејска Македонија (грчки: Килкис, денешна северна Грција), како прво машко дете, трето по ред на бројната фамилија Делчеви која имала вкупно девет деца. Делчев произлегува од релативно добро ситуирано семејство. Татко му Никола Делчев бил кукушанец, а мајка му Султана Нурџиева потекнува од блиското село Мурарци. Во 1879 - 1880, Гоце (Георги) Делчев започнува да го посетува прогимназијалното училиште во Кукуш. Гоце потоа го завршил средното образование во Солунската бугарска машка гимназија "Св. Кирил и Методиј". Се запишал во Воената академија во Софија во 1891. Подоцна, како питомец во военото училиште во Софија тајно ги посетувал социјалистичките кружоци и ја ширел социјалистичката литература, за што е исклучен од училиштето. Делчев станал учител во Штип во 1894 каде што се запознава со Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО. Како резултат на блиското пријателство меѓу двајцата, Делчев и се придружил на Организацијата во 1895 набрзо станувајќи нејзин водач.

Во летото 1896, во Солун се одржува конгрес на македонските и одрински револуционерни сили. На конгресот присуствува и Гоце Делчев. Гоце Делчев и Ѓорче Петров се ополномошни да изработат Устав и Правилник, а изработениот устав носи наслов: „Устав на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација", со време Организацијата се вика и Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Во почетокот на јануари 1898 год. се установува четничкиот институт, а Гоце Делчев е назначен за началник на сите чети во Македонија.

За време на честите обиколки низ Македонија работи на создавање организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Цел е автономиjа или целостно ослободување на Македонија и Одринско од османлиското ропство и создавање на независна македонска држава.

За да го острани, или барем да го неутрализира разбивачкото влијание на бугарскиот двор и неговата агентура тн. "Врховен македонски комитет", Гоце, и како задграничен претставник, активно дејствувал врз нивните претставници да се откажат од неповиканото мешање во внатрешните работи на Револуционерната организација, која претставува единствен легитимен претставник на македоно-одринското ослободително движење, и да дејствуваат само како помошна сила за материјално помагање на Организацијата. Во нивното отстранување, Гоце водел бескомпромисна борба против мешањето на бугарските влади и челниците на врховистичките македонски комитети. Најпечатливи одгласи од неговата борба за зачувување на единството од надворешните мешања имала неговата отворена реплика со претседателот на Врховниот комитет, генералот Николаев, кого го предупредил дека додека неговото рамо ја крепи пушката, нема да дозволи присуство на бугарски офицери во Македонија. Иста цел имала неговата Директива во 1902 година за забрана на влегување на врховистичките чети од Бугарија, како и предупредувањето до официјална Бугарија да не мисли за Македонија, туку да си ја чува Бугарија, зашто Македонците ќе си ја чуваат Македонија.

На редовното советување во декември 1902, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и др. апостоли на ВМРО решаваат да не се дигне фронтално востание во Македонија, туку да се води партизанска војна. Целта како што изјавил Гоце требала да биде: "не ние да ја победиме Турција туку таа да не не' победи нас." Потоа Гоце оди на терен, а зад грб бугарскиот агент Гарванов свикува јануарско советување, кое според В. Думев (кој работи со Иван Гарванов) "НЕ БЕШЕ СВИКАНО ДА РЕШАВА". (Зборник Илинден 1903-26, стр.114).

Во јануари 1903 год., Гоце Делчев се изјаснува отворено како прв против кревање на востание во Македонија таа година, познато потоа како „Илинденското востание“, како преран и неподготвен чекор. По негова иницијатива во Софија било организирано советување на група македонски револуционери меѓу кои биле: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев, Михаил Герџиков и други македонски револуционери од централистичкиот лагер на ВМОРО. Се разгледувал предлогот за подигање на востанието, кое пред се било заговарано од врховистичкиот лагер на ВМОРО, а најмногу од представниците на Организацијата во Костурско. На собирот свои излагања имале Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров и др. Тие сметале дека меѓународната и внатрешната ситуација на Македонија не е поволна за кревање востание; собирот се искажал против решението за подигање на востание.

Според Пејо Јаворов, поет и чест сопатник на Гоце Делчев, Гоце заклучил дека: "...ВМРО всушност тргнува по патот на самите врховни комитетети против кои беше војувала најжестоко......кога Гоце ги читаше писмата, а тој ги беше препрочитал неколку пати од очите му се одронија солзи, кои паднаа врз шифрираните редови. Гоце чувствуваше дека останува сам: со своите планови, со своите мечти, со своите идеали - и со децетиците чети и со целиот македонски народ!" [1](Пејо Јаворов, "Гоце Делчев" стр. 231).

На 19 јануари 1903, Гоце Делчев со чета тргнува за Македонија; со него е и Јаворов. Истиот ден пристигаат во Самоков. На 19 март 1903, Гоце Делчев со својата чета го минира мостот на р. Ангиста; во воздух бил дигнат и тунелот на железничката пруга. На 19-20 април истата година Гоце Делчев пристигнува во Солун, а сместен е во просториите на Солунската бугарска машка гимназија. Тој има неколку среќавања со Даме Груев и со него го разгледува прашањето за подигање на востанието. Гоце го напушта Солун и излегува низ вардарската капија и со воз се префрла во правец на Серез. На 2 мај 1903, Гоце Делчев вечерта пристига во с. Баница, (на мала оддалеченост од Серез). За престојот на Гоце Делчев во Баница известена е турската управа од страна на непознат(и). Во зорите на 4 мај 1903 год. Гоце Делчев и неговата придружба се известени од јатаците дека се опсадени од турската војска (аскер). Гоце наредува да излезат од куќата каде биле сместени и да се повлечат за да го спасат селото од зулум. Во текот на денот, на 4 мај 1903 во борбите при излегување од село Баница, Гоце Делчев бил погоден во левата града, паднал врз пушката, се обидел да се крене и паднал мртов.

Гоцевата саможртва за делото на ослободувањето на народот во Македонија и Одринско и создавање на независна македонска држава, му го донесе ореолот на признание и почит. Неговото име стана легенда, вткаена во свеста на македонските народни маси. Неговото име ги возбудуваше македонските поколенија, со тоа име македонските прогресивни сили ја водеа во сосема нова општествено-политичка ситуација борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.

[уреди] Бугарите за Гоце Делчев

Во Бугарија се смета дека Гоце Делчев е еден од најголемите бугарски револуционери, кој како водач на ВМОРО се залагал за создавање на автономна власт во Македонија и Одринско. Во Бугарија постои град Гоце Делчев и споменик на Гоце Делчев во Благоевград, Софија и други градови.

[уреди] Мисли на Гоце Делчев

  • Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите."
  • Ќе удри утринската зора и за нас..."
  • Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива."
  • Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата - тоа е првиот услов за нашиот успех!"
  • Браво, јуначе, дојди да ти ја стиснам раката и да те поздравам, такви и се потребни на мајка Македонија“.
  • Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух".
  • Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население."
  • Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата; - или ќе водиме говеда на касапница."
  • „Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце".
  • Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.
  • Но тоа е патот за ослободувањето на народите од туѓо его. По него оделе Грците, Србите, Бугарите. По тој пат треба да одиме и ние, Македонците, за да се ослободиме од Турците.“

[уреди] Мисли припишани на Гоце Делчев

  • Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец.“ - мисла од романот "Илинден" на Димитар Талев.

[уреди] Надворешни врски

Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com