Сандански
Од Википедија, слободна енциклопедија
- За други значења на поимот, видете Сандански (појаснување).
Сандански е град во југозападниот дел на Бугарија (Пиринска Македонија). Градот се наоѓа во долината на реката Струма од нејзината лева страна и е сместен во подножјето на Пирин планина, од нејзината западна страна. Низ него тече реката Санданска Бистрица. Во минатото градот го носел името Свети Врач (врач на словенски значи лекар), поради лековитоста на своите извори. Денешното име го добил според револуционерот Јане Сандански. Во античко време овде живеале Синтите, коишто се пајонско племе. Подрачјето е приклучено кон Македонија од Филип II. Се предпоставува дека античкиот град што постоел овде бил подигнат токму од него е се викал Партикополис или Парајкополис. Во 168 год.ст.е. како дел од Македонија паѓа под римски протекторат.
[уреди] Население
Според официјалните податоци, Сандански има околу 30 000 жители, од кои 95% се Бугари. Дел од жителите на Сандански се Македонци и токму во овој град е голем бројот на симпатизерите на ОМО Илинден - Пирин[се бара извор].
Во првиот попис во Бугарија по Втората Светска војна (во времето на Отечествениот фронт и Георги Димитров) кога 70% од населението на Пиринска Македонија се попишало како Македонци, во Сандански (тогаш Свети Врач) процентот на Македонците бил 85%.
[уреди] Стопанство
Градот е познат по своите топли гео-термални извори поради кои Австријци кои се лечеле во Сандански го изградиле познатиот хотел „Сандански“.
Поради близината со грчката граница, последниве години во Сандански има наплив на грчки фирми и грчки капитал.
Гимназијата „Јане Сандански“ е во тесна со работка со скопската „Орце Николов“. Секоја година во градот и околината се одржува велосипедски крос по повод борбата против дрогата на која редовни гости се ученици од македонските гимназии со кои соработува санданската гимназија.