Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions Википедија:Одбрани статии - Википедија

Википедија:Одбрани статии

Од Википедија, слободна енциклопедија

На секоја одбрана статија на крајот треба да се додаде шаблонот
{{Одбрана}}

Моментално одбрана статија:

Версајски дворец: 19 декември - 26 декември 2006

Големиот Тријанон, 1678. Архитект: Жил Хардоан Мансар

Версајскиот дворец (француски: Château de Versailles) е кралски дворец („шато“), кој се наоѓа во непосредна близина на селото Версај во Франција. Почнувајќи од 1682 год. кога кралот Луј XIV се преселил таму од Париз, па сé додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз во 1789, Версајскиот двор бил центарот на моќта под системот наречен „Ансиен режим“.

Величенственоста на Версај е толку очигледна што современите туристи често се распрашуваат за тоа колку чинел - прашање кое никогаш не би го поставиле доколку би биле во катедралата Шартр, на пример. Тоа прашање всушност и не е вистинско историско прашање. Вистинското, индиректно прашање гласи: „Дали вредело?“ прочитајте повеќе...


Претходни одбрани статии:

Леб и сол: 12 декември - 19 декември 2006

Леб и сол

Леб и сол била македонска џез/рок група, формирана на 1 јануари 1976, од нејзините основачи Влатко Стефановски и Бодан Арсовски, претходни членови на групата Брег со Мики Петковски, како и Никола Димушевски и Димитрие Чучуровски.

Под продуцентската палка на Јосип Бочек, некогашниот гитарист на групата Корни, во студиото на РТВ Нови Сад, септември 1977, Леб и сол го снимиле своето самонасловено деби-издание „Леб и сол“. На плочата во џез-рок стил се нашле девет песни, од кои дури шест биле инструменталки. Во нивната реализација учествувале сите членови на групата, но Стефановски бил најплодниот автор. Кон крајот на таа година зеле учество на седмиот Boom фестивал во Нови Сад, од каде што живите верзии на песните: У сенци и Под водом се нашле на фестивалската плоча „Boom 77“. Во пролетта 1978, на фестивалот во Опатија, во рамките на вечерта на обработки на етно-теми, тие ја извеле Абер дојде, Донке, по што добиле награда за најдобар уметнички впечаток и најуспешна примена на фолклорниот израз. прочитајте повеќе...


Членконоги: 5 декември - 12 декември 2006

Мексиканска црвеноколенеста тарантула

Членконогите (од грчки άρθρο = членче + ποδί = нога) се најголемиот и најразновидниот животински тип. Во членконоги спаѓаат раковите, инсектите, центипедите, милипедите, симфиланите, пауроподите и изумрените трилобити. Членконогите се карактеризираат со сегментирано тело прекриено со поврзан надворешен скелет (егзоскелет), со парни поврзани додатоци на секој сегмент. Присутен е комплексен нервен систем со дорзален мозок (ганглија), со конективни нерви кои минуваат низ антериорниот крај на дигестивниот систем и вентрален нерв со ганглија во секој телесен сегмент. Имаат отворен тип на циркулаторен систем со дорзално срце во кое крвта тече низ парни отвори (остии) и многу редуцирана телесна празнина (целом). Поради тоа што поврзаниот егзоскелет го блокира растот на организмот, тој мора периоднично да се менува. Овој феномен наречен екдиза е карактеристична особина за овој тип животни; овозможува брзо растење и значајна промена во формата на телото сѐ додека новиот егзоскелет, секретиран од животното, не се стврдне. Членконогите се главно копнени животни, но водните претставници се исто така доста добро познати. Постојат неколку поттипови со шеснаесет класи. Меѓутоа, се среќаваат и разни други систематики. прочитајте повеќе...


Фахверк: 28 ноември - 5 декември 2006

Куќа во „фахверк“ стил во Брауншвиг, Германија

Фахверк (германски: Fachwerk) или полудрвена градба е начин на изградба на куќи и поголеми објекти со изработка на дрвена конструкција која потоа се полни со ѕиден материјал за да се добие стабилност и декоративен изглед. Овој начин на градба се користи веќе долго време во разни краишта во светот како стара Јапонија, Европа и средновековна Англија. Денес, во европската традиција најзабележливи примери се наоѓаат во земјите со најдолга традиција: Германија, Англија и Франција, но интересни примери постојат во разни земји од Комонвелт-от како Канада, Јужна Африка, Австралија, Нов Зеланд и други.

Примери на полудрвена градба во северноевропската изработка на куќи можат да се најдат во средновековна и ранонововековна Англија, Германија и делови од Франција во локалитети каде што дрвото изобилувало додека каменот погоден за градба и вештините за негова обработка биле оскудни. Кај ваквата градба дрвата се цепеле на половина и од тоа се правел скелетот на куќата.

Римски дрвенарии пронајдени во аноксидни глинени пластови во римско-британските археолошки наоѓалишта укажуваат на тоа дека софистицираното римско дрводелство ги имало сите потребни техники за ваква изградба. Најраните постоечки (француски) полудрвени градби датираат од 12-тиот век. прочитајте повеќе...


Сергеј Михајлович Прокудин-Горски: 20 ноември - 28 ноември 2006

Сергеј Михајлович Прокудин-Горски

Сергеј Михајлович Прокудин-Горски (руски: Сергей Михайлович Прокудин-Горский чујте ) (31 август, 1863, Муром – 27 септември, 1944, Париз) го посветил својот живот на унапредувањето на фотографијата како еден од првенците на фотографијата во боја. Роден е во Муром во Владимирската област, Русија, а по звање бил хемичар. Учел кај славни научници во Санкт Петербург, Берлин и Париз, и развил првични техники за фотографија во боја.

Своите првобитни истражувања резултирале со патенти слајдови и филмови во боја. Околу 1905 Прокудин-Горски разработил план за употреба на ова ново техничко октритие за документирање на Руската империја. Ова имало за цел да ги запознае учениците со огромната и разнолика историја, култура и модернизација на нивната татковина.

Процедурата се состоела од брзо правење на низа монохромни слики една по друга, секоја низ различно обоен филтер. Со проектирање на три монохромни слики во услови на светла со точна боја, можело да се реконстуира сликаната сцена во вистински бои. Помрднувањата на она што е сликано резултирало со заматени духолики слики, бидејќи сликите од црвена, зелена и сина боја се правеле со извесно временско растојание. прочитајте повеќе...



Атина: 13 ноември - 20 ноември 2006

Печатот на градот Атина

Атина (грчки: Αθήνα, Ати́на МФА: /a'θina/) е главниот и најголемиот град на Грција, како и родното место на демократијата. Именуван по божицата Атена, Атина е растечка, космополитанска метропола со население од 3,7 милиони жители. Метрополитанската област на Атина моментално расти северно и источно преку полуостровот Атика и го претставува доминантниот центар на економскиот, финансискиот, индустрискиот, културиниот и политичкиот живот во Грција. Градот исто така станува водечки бизнис центар во Европската Унија.

На старогрчки, името Атина било Ἀθῆναι-Атенаи, множина од Ἀθηνά-Атене, атичко име на божицата Атена. Името на градот може да било во множина, како оние на Θῆβαι-Тебаи (Теба) и Μυκῆναι-Микенаи (Микена), поради тоа што се состоело од повеќе делови. Во XIX век ова име било формално прифатено како име на градот. Од официјалното напуштање на грчкиот Катаревуса во 1970-тите, популарната форма Ати́на станала официјалното име на градот. прочитајте повеќе...



Забранетиот град: 1 ноември - 13 ноември 2006

Центарот на Забранетиот град

Забранетиот град или забранетиот дворец (буквален превод: пурпурен забранет град), лоциран точно во центарот на стариот град Пекинг, била царска палата за време на династиите Минг и Чинг. Денес е познат како музеј-палата, и комплексот зафаќа површина од 720,000 m², 800 објекти со 8.000 простории. Како таков, тој според УНЕСКО важи за најголемата збирка на зачувани стари дрвени градби во светот, и бил прогласен за Светско наследство во 1987 како „Царска палата на династиите Минг и Чинг“. Дворецот се наоѓа северно во непосредна близина на плоштадот Тјананмен и во него може да се влезе преку портата Тјананмен. Неговото опкружување се нарекува Царски град.

Иако во него повеќе не живее царското семејство, Забранетиот град е симбол на кинеската државност и сликата на главната порта стои на амблемот на НР Кина. Музејот во него е една од најголемите туристички атракции во светот. Во последно време се одвиваат многу реновации кои го имаат ограничено пристапот на неколку внатрешни дворишта и градини. прочитајте повеќе...



Окленд: 25 октомври - 1 ноември 2006

Дел од центарот на Окленд гледан од Небесната кула

Окленд, на Северниот остров, е најголемото населено место во Нов Зеланд. Градот е конурбација, сочинета од градовите (или подградовите) Град Окленд, Ваитакере, Манукау и Северен Брег. На маорски градот го ниси името Tāmaki Makau Rau или Ākarana. Бројот на жители е нешто над 1.3 милиони, и со тоа е најголем град во Нов Зеланд, многу поголем од било кој друг - една третина од населението на Нов Зеланд.

Голем Окленд се простира меѓу заливот Хаураки на Тихиот Океан на исток, ниските планински венци Хунуа на југоисток, Манукавското пристаниште на југозапад и планинскиот венец Ваитакере и помалите венци на северозапад. Централниот дел од населената област го завзема теснецот помеѓу Манукавското пристаниште на Тасманско море и Ваитематското пристаниште на Тихиот Океан). Окленд е еден од многу ретките градови на светот со пристаништа на две мориња/океани. прочитајте повеќе...


Пура: 9 октомври - 25 октомври 2006

Палета на пури од разни марки

Пура е цврсто смотан сноп од сушен и ферментиран тутун, чиј крај се пали, така што чадот би можел да се вовлекува од пушачот преку устата во неговите дробови.

Тутун за пури се одгледува во големи количества во Бразил, Камерун, Куба, Доминиканска Република, Хондурас, Индонезија, Мексико, Никарагва и САД. Насекаде сме смета дека пурите произведени во Куба се најдобрите, благодарение на уникатните карактеристики на регионот Вуелта Абахо, во провинцијата Пинар дел Рио западно на островот, каде микроклимата овозможува одгледување на убедливо најдобриот тутун, како и на вештината на кубанските изработувачи на пури.

Домородците на Карипското море и Мезоамерика пушеле пури уште од 900-тите години н.е., како што може да се види по керамичкиот сад најден на мајанско археолошко ноѓалиште во Уаксактун, Гватемала, кој е украсен со насликан човек кој пуши примитивна пура. ѓеновскиот истражувач Кристофер Колумбо го донел тутунот во Европа. прочитајте повеќе...


Dream Theater: 25 септември - 8 октомври 2006

Поставата на Dream Theater

Dream Theater се прогресивна метал група, формирана од три студенти на музичкиот универзитет Беркли во 1985. Во дваесет и едната година од нивното формирање тие постанаа едни од комерцијално најуспешните прогресивни групи, по актуелноста на прогресивниот рок во средината на седумдесеттите години, иако се релативно непознати во мејнстрим поп и рок круговите. Нивните два најдобро продавани албуми се: Images and Words (македонски: Слики и зборови) од 1992 кој стана златен албум и се смета за зачеток на прогресивниот метал, иако достигна само до местото број 61 на Билборд 200 топ листата; и Octavarium од 2005, кој достигна до местото број 36 место на Билборд 200.

Групата е добро позната по техничкиот квалитет на секој инструменталист, освојувајќи многу награди од музички магазини. Тие се високо ценети од страна на голем број од најславните имиња на рок и метал музиката, што често доведува до соработка помеѓу членовите на Dream Theater со многу други добро познати музичари. Во славен пример, гитаристот Џон Петручи беше именуван за трет гитарист на турнејата G3 со Стив Ваи и Џо Сатриани, следејќи ги стапките на Ерик Џонсон, Роберт Фрип, Ингви Малмстин и други влијателни гитаристи. прочитајте повеќе...


Јадење и пиење во Стариот Рим: 18 септември - 25 септември 2006

„Римска гозба“ од Роберто Бомпијани

Римската кујна еволуирала низ долгиот (преку 1000 години) период на траење на нивната римска цивилизација. Таа попримила влијание од грчката култура, политичките промени од кралството, во републиката, па во царството, како и големата експанзија на истото која донела многу нови кулинарски навики и техники на готвење од провинциите

Во почетокот разликите помеѓу општествените класи не биле големи, но несразмерноста се зголемувала паралелно на растењето на самото царство...

Традиционално изутрина се служел појадок наречен јентакулум или јантакулум, на пладне главното јадење на денот, наречено кена, а навечер се служела весперна. Заради грчкото влијание како и зголемениот увоз и потрошувачка на увозни храни, кена-та се зголемила во количина и разноврсност и се јадела попладне, весперна-та била отфрлена и бил додаден втор појадок околу пладне, наречен прандиум

Пониските слоеви од општеството ги следеле старите навики, заради тоа што подобро одговарале на дневниот ритам на мануелната работа... Прочитајте повеќе


Старословенски јазик: 11 септември - 17 септември 2006

Псалми на старословенски јазик, крај на XV век

Во лингвистиката, поточно во славистиката, под називот старословенски јазик е познат првиот пишан, забележан, засведочен словенски јазик, а тоа бил јазикот којшто го говореле македонските Словени во непосредната околина на Солун, во втората половина на IX век. Често, што поради неинформираност, што поради непрецизност на мислата или пак невнимание, погрешно се вели дека старословенскиот јазик е јазик-татко на модерните словенски јазици, т.е. дека сите модерни словенски јазици директно водат потекло од овој јазик. Ова тврдење не е точно: старословенскиот јазик, од генеалошко гледиште, припаѓа во групата на јужнословенски јазици, поточно во нејзината источна подгрупа, заедно со модерните македонски и бугарски јазик. Сите словенски јазици, вклучително и старословенскиот, водат потекло од прасловенскиот јазик. Името на овој јазик е предмет на жешка дебата, имено бугарските слависти (и општо бугарските интелектуалци) се обидуваат да му го прилепат предзнакот „бугарски“ именувајќи го како старобугарски јазик (буг. старобългарски), што секако не може да се прифати како точно зашто во времето на зачетоците на словенската писменост, Словените сè уште себе си се чувствувале како единствена, сeсловенска, заедница, додека Бугарите на Балканот дошле како несловенски народ од татарско потекло, говорејќи неиндоевропски јазик со чувство за национално своебитие... Прочитајте повеќе



Референдум 1991: 6 септември - 11 септември 2006

Плакат за промоција на изборите во 1990 година.

Референдумот во Македонија се одржа во предвечерјето на распадот на СФРЈ. Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определи за градење суверена држава и Декларацијата за независност, на 24 јуни следната година Словенија прогласи независност. Веднаш по тој чин дојде до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир заврши за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ.

Истиот ден заедно со Словенија, врз основа на одлука на Саборот независност прогласи и Хрватска. На 6 мај избија нереди, а потоа дојде и до престрелки во и околу поморската база "Лора" во Сплит. Прва жртва на немирите беше војникот Сашо Гешковски од Кавадарци, кој извршувал стражарска служба.

Сплитските настани беа почеток на зачестените инциденти и оружени пресметки меѓу силите на Југословенската народна армија и Хрватската национална гарда кои потоа добиваа сè повеќе на интензитет, се проширија и прераснаа во .... Прочитајте повеќе


Пела: 30 август - 6 септември 2006

Пела, атриум со поден мозаик.

Пела или Постол бил град во Античка Македонија кој денес се наоѓа на територијата на Грција.

Kаменот-темелник на градот го удрил кралот Архелај I (413–399 п.н.е.) со намена да биде главен град на кралството, да ја замени старата престолнина (Ајга). По пва, Пела била седиште на Филип II Македонски и Александар Македонски, неговиот син. Во 168 п.н.е. Пела била ограбена од Римјаните, а нејзиното богатство било пренесено во Рим. Подоцна градот го руши земјотрес и одново почнува да се гради врз рушевините. Веќе во 180 Луцијан поминувајќи го опишал местото како „денес незначајно, со многу малку жители“.

Пела за прв пат се спомнува од Херодот (VII, 123) во врска со походот на Ксеркс како и од Тукидид (II, 99,4 и 100,4) во врска со македонската експанзија и војната против Ситакле, кралот на тракиабните.... Прочитајте повеќе



Романтизам: 12 август - 30 август 2006

Наполеон Бонапарта, од Жак-Луј Давид.

Романтизмот е општокултурно, а според тоа и уметничко движење кое се јавува на крајот на XVIII век, а својата полна афирмација ја доживува во првите децении на XIX век. Раѓањето на романтизмот е условено од општествено-историските случувања. Романтизмот се јавува во време на големи општествени потреси и национални движења, во периодот на дотрајувањето и распаѓањето на феудалните општествени односи и зајакнувањето на граѓанството. Показатели на таа општествено-историска вознемиреност се значајните историски настани: Француската револуција во 1789, воздигнувањето на Наполеон и неговите освојувања... Прочитајте повеќе


Кочо Рацин: 4 август - 12 август 2006

Кочо Рацин

Кочо Рацин (Коста Солев Рацин) (Велес, 22 декември 1908 - Лопушник, 13 јуни 1943) е македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. Се смета за основоположник на македонската литература, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Загреб, 1939) претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Покрај со поезија, Рацин се занимаваше и со проза, а има напишано и неколку значајни трудови од областа на историја, филозофија и литературната критика.

Роден е во Велес на 22 декември 1908 година во семејството на Марија и Апостол Солеви. Притиснат од сиромаштијата и потребата од работна рака во грнчарската работилница на татко му, во 1918 година е... Прочитајте повеќе


Ајфелова Кула: 22 јули - 4 август 2006

Ајфеловата кула на изгрејсонце.

Ајфеловата Кула (се изговара: /ˌaɪfəl 'taʊɚ/; француски: Tour Eiffel, се изговара: /tuʀ efɛl/) е железна кула изградена на Марсовите полиња покрај реката Сена во Париз. Тоа е највисоката градба во Париз и меѓу најпрепознатливите симболи во светот. Именувана според нејзиниот архитект Густав Ајфел, денес преставува една од најпосетените туристички атракции.

Кулата е висока 300 метри (986 стапки), што одговара на околу 75 спрата. Заедно со 24 метарската антена (72 стапки), структурата е висока 324 метри (1058 стапки) што одговара на околу 81 спрат. Во времето кога била направена во 1889 година, кулата била највисоката градба во светот, сѐ до 1930, кога била изградена ... Прочитајте повеќе


Математика: 4 јули - 22 јули 2006

Зборот Математика може да се дефинира како логички строга студија на теми како квантитет, структура, простор и промена. Друг став до кој се држат многу математичари вели дека математиката е збир од знаења кој претставува предмет дедуктивно расудување, почнувајќи со аксиоми и дефиниции.

Математиката се користи низ целиот свет во сферите на науката, инженерството, геометарството, медицината и економиката. Покрај тоа што се користат со математиката, овие полиња претставуваат и инспирација за напредок во математиката. Нова математика исто така се создава заради самата себе, без некоја посебна примена на ум.

Зборот „математика“ доаѓа од грчкиот збор μάθημα (матема)... Прочитајте повеќе


Светско Првенство во Фудбал 2006: 8 јуни - 4 јули 2006

Официјално лого за FIFA Fußball-Weltmeisterschaft Deutschland 2006

ФИФА Светското Првенство во 2006 (официјално наречено 2006 ФИФА Светско Првенство Германија, некогаш познато и како Светско Првенство во Фудбал или само Светско Првенство) ќе се одржи во Германија од 9 јуни до 9 јули 2006. Квалификациите за турнирот се завршени и сите 32 тима се потврдени. Завршниот турнир 2006 ќе биде 18-от по ред. Во јуни 2000 Германија ги доби правата да го организира настанот во својата земја, пред Јужна Африка (која ќе биде домаќин на 2010 ФИФА Светско првенство), Англија, Бразил и Мароко.

12 германски градови се избрани за домаќини на завршниот турнир. Многу од стадионите имаат поголем капацитет во домашното првенство, бидејќи некои седишта се заменуват со тераси... Прочитајте повеќе


Ласер: 1 јуни - 8 јуни 2006

Ласерите варираат во големина од микроскопски диодни ласери (горе) со разни примени, сè до неодимиумски стаклени ласери со големина на фудбалско игралиште (долу)

Ласер (англиски: Light Amplification by Stimulated Emission of Radiation или засилување на светлината со стимулирана емисија на зрачење) е оптички извор кој емитира фотони во кохерентен зрак. Зборот исто така потекнува од глаголот ласира кој што значи „да се создава кохерентна светлина“ или пак „ да се сече со кохерентна светлина“, и претставува корен на зборот ласер. Ласерската светлина е скоро монохроматска, т.е. се состои од единечна бранова должина односно боја емитирана во тесен сноп. Ова е спротивно на вообичаените извори на светлина, како обичната светилка која емитира некохерентни фотони во скоро сите правци, и вообичаено во широк спектар на бранови должини... Прочитајте повеќе



Суоветаурилии: 31 мај - 1 јуни 2006

Цар Трајан врши суоветаурилии за да ја прочисти војската

Суоветаурилиите или суовитауриите биле еден од најтрадиционалните и најсветите обичаи во римската религија: Како дел од него се жртвувале свиња (sus), овен (ovis) и бик (taurus) на богот Марс за да ја благослови и прочисти земјата.

Ритуалот е зачуван во делото De Re Rustica, („За земјоделството“) на Катон Постариот. Најпрвин трите животни се воделе околу меѓата на земјата што треба да се благослови и се изрекувале слдниве зборови:

Cum divis volentibus quodque bene eveniat, mando tibi, Mani, uti illace suovitaurilia fundum agrum terramque meam quota ex parte sive circumagi sive circumferenda censeas, uti cures lustrare.
„Нека нашата работа биде крунисана со успех со добра помош од боговите, посакувам, Маниј, да се погрижиш да го исчистиш мојов имот, мојава почва со овие суоветаурилии, каде и да мислиш дека е најдобро да бидат терани или носени.“...Прочитајте повеќе


Ермитаж: 20 мај - 31 мај 2006

Музејот Ермитаж (Государственный Эрмитаж) во Санкт Петербург, Русија е една од најголемите, најстарите и најважните уметнички галерии и музеи во човечката историја и култура. Неговите огромни збирки се изложени во шест згради, со тоа што главната зграда е Зимскиот дворец кој некогаш бил официјалната резиденција на руските цареви... Прочитајте повеќе


Архитектонски поредок: 11 мај - 20 мај 2006

Архитектонскиот поредок е систем од повеќе антички начини на градење кој се одликувал со неколку варијанти на пропорции, карактеристични профили и детали. Разните редови најлесно се разликуваат по нивните столбови и капители. Секој стил си има своја соодветен перваз, кој се состои од архитрав, фриз и корниз. Од 16-тиот век, па наваму, теоретичарите распознаваат пет реда. На илустрацијата десно се наредени по ред, од најнабиениот и најпримитивниот до најбогатиот и највиткиот, тие се: Тоскански (римски) и Дорски (грчки и римски, илустриран тука во римска варијанта); Јонски (грчка варијанта) и Јонски (римска варијанта); Коринтски (грчки и римски) и Композитен (римски)... Прочитајте повеќе


Бах: 2 мај - 11 мај 2006

Јохан Себастијан Бах (21 Март 1685 С.С. – 28 Јули 1750 Н.С.) е германски композитор и органист чии духовни и световни дела за хорови, оркестри и соло инструменти ги сплотуваат речиси сите аспекти на стилот на барокната музика доведувајќи ги до врвна точка на зрелост. Иако нема воведено нови музички форми, Бах го има збогатено германскиот музички стил со робусна, но магична контрапунктна техника, навидум лесна контрола на хармонска и мотивска организација од најмал до најголем размер, и адаптација на странски ритмови и текстури, особено италијански и француски... Прочитајте повеќе


Историја на автомобилот: 26 април - 2 мај 2006

Општоприфатено е дека првите вистински автомобили користеле бензин како гориво за нивните мотори со внатрешно согорување. Овие први автомобили биле изработени речиси едновремено од страна на неколку германски изработувачи кои работеле самостојно: Карл Бенц го направил својот прв автомобил во 1885 во Манхајм. На 29 јануари 1886 нему му бил доделен патент за возилото, додека веќе во 1888 тој почнува со производство. Накратко потоа, Готлиб Дајмлер и Вилхелм Мајбах во 1889 година во Штутгарт направиле автомобил сосема од нула, наместо да адаптираат кочии за таа намена. Тие исто така го измислиле првиот моторцикл во 1886... Прочитајте повеќе


Велигден (православен): 23 април - 26 април 2006

Велигден или „Ден на Воскресението“ е најважниот верски празник во православниот календар, кој може да се падне на датум помеѓу раниот дел на април до раниот дел на мај. Овој празник го прославува воскреснувањето на Христа по неговата смрт со распетие околу 27-33 година н.е. (видете Великпеток)... Прочитајте повеќе


Албрехт Дирер: 14 април - 23 април 2006

Автопортрет, 1493

Албрехт Дирер (Нирнберг, Германија 21 мај, 14716 април, 1528) бил германски сликар, дрворезец, графичар и математичар. Тој е најпознат по неговите серијални дрворези како Апокалипса (1498), два серијала за распетието на Христа, Големата пасија (1498-1510) и Малата пасија (1510-1511) како и многу поединечни графики како Витез, Смрт и Ѓаволот (1513), Свети Јероним во неговата работна соба (1514)... Прочитајте повеќе


Static Wikipedia (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu