Бели мугри
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бели мугри е збирка поезија од Кочо Рацин, објавена во 1939 година во Самобор близу Загреб. Таа е трета стихозбирка објавена на македонски јазик по стихозбирките на Венко Марковски, „Народни бигори“ и „Огинот“, објавени во 1938 година.
Стихозбирката е испечатена на 25 ноември во печатницата на Драгутин Шпулер во 4.000 примероци. Според вообичаената комунистичка практика, насловот е испечатен со црвени букви, а поради опасноста да се дознае идентитетот на авторот, Коста Солев ја објавува под псевдонимот „К. Рацин“. Стихозбирката брзо се растура по цела тогашна Југославија и во Пиринска Македонија и постигнува голем успех.
Стихозбирката опфаќа 12 песни:
- Денови
- Печал
- Селска мака
- Тутуноберачите
- Ленка
- Проштавање
- Балада за непознатиот
- Елегии за тебе
- Утрото над нас
- Татунчо
- На Струга дуќан да имам
- Копачите