Култура
Од Википедија, слободна енциклопедија
Зборот култура доаѓа од латинскиот корен colere (да насели, да одгледува, да почести). Општо земено, тој се однесува на човековата активност; различните објаснувања на поимот „култура“ се одраз на различните теории и критериуми на разбирање и оценување на човековата активност. Културата се зема традиционално како најстар човечка одлика, она што го одделува Човекот од Животните, иако најновите откритија ни кажуваат дека оваа линија на поделба и не е така остра.