Фахверк
Од Википедија, слободна енциклопедија
Фахверк (германски: Fachwerk) или полудрвена градба е начин на изградба на куќи и поголеми објекти со изработка на дрвена конструкција која потоа се полни со ѕиден материјал за да се добие стабилност и декоративен изглед. Овој начин на градба се користи веќе долго време во разни краишта во светот како стара Јапонија, Европа и средновековна Англија. Денес, во европската традиција најзабележливи примери се наоѓаат во земјите со најдолга традиција: Германија, Англија и Франција, но интересни примери постојат во разни земји од Комонвелт-от како Канада, Јужна Африка, Австралија, Нов Зеланд и други.
Содржина |
[уреди] Историја и традиции
Примери на полудрвена градба во северноевропската изработка на куќи можат да се најдат во средновековна и ранонововековна Англија, Германија и делови од Франција во локалитети каде што дрвото изобилувало додека каменот погоден за градба и вештините за негова обработка биле оскудни. Кај ваквата градба дрвата се цепеле на половина и од тоа се правел скелетот на куќата.
Римски дрвенарии пронајдени во аноксидни глинени пластови во римско-британските археолошки наоѓалишта укажуваат на тоа дека софистицираното римско дрводелство ги имало сите потребни техники за ваква изградба. Најраните постоечки (француски) полудрвени градби датираат од 12-тиот век.
[уреди] Англиска традиција
Некои англиски куќи во тудорско време биле додатно збогатени со гипсено калапена орнаментација . Полудрвенаријата е карактеристична за англиската домашна архитектура во Источна Англиа, Ворчестершир и Чешир каде што се наоѓа еден од најдобрите примери на англиската полудрвена изградба - Литл Моретон Хол. Во средишните краишта, најстарата ваква куќа се наоѓа во Шефилд и го носи името „Куќата на бискупот“, цирка 1500 год.
Во велд-от во Кент и Сасекс, полудрвената велденската куќа, имала отворена хала со отвори на секоја страна и надвиснувачки горни катови.
Со колонистите, полудрвената градба влегла и во Северна Америка во раниот 17-ти век, но наскоро била напуштена и користена само во Нова Англија и средноатлантските колонии и била заменета со фасадни штици (уште една традиција во Источна Англиа).
[уреди] Француска традиција
Добри полудрвени предни фасади од 15-тиот век сеуште можат да се најдат во Бурже и Руен како и во Тиер.
[уреди] Германска традиција
Во северна Германија, градот Келе е познат по „фахверк“ од 15 век. Кај градбите од подоцнежниот 16 век, дрвенаријата е ракошно изрезбана и просторот е исполнет со помала дрвенарија, не само од декоративни, туку и од структурни причини.
Deutsche Fachwerkstraße или „патот кој ги поврзува германските средновековни полудрвени куќи“ се протега од Долна Саксонија на север, преку Хесен и јужна Тирингија до Баварија. По тој пат можат да се видат високоживописни полудрвени („фахверк“) куќи.
[уреди] Канадска традиција
Називот на ваквата градба во Квебек и други делови од Канада е colombage pierroté и најчесто се однесува на полудрвени градби наполнети со камен или шут која се практикувале сé до 19-тиот век, со тоа што на крајот на истот век биле повторно вратени во употреба. Во западна Канада ваквиот стил на градба се употребувал и во населеното место „Црвена Река“; Куќата на мажите во Нижата тврдина „Гари“ е добар пример за colombage pierroté.
[уреди] Возобнова во подоцнежните векови
Кога по 1860 година полудрвената градба повторно добила на популарност, во разните возобновувачки стилови како „стилот на кралицата Ана“ кај куќите на архитектот Ричард Норман Шо и други, ваквата градба имала за цел да евоцира „тудорска“ атмосфера (видете Тудорбетански), иако во тудорско време ваквите куќи почнале да изгледаат многу селски и сé почесто се користеле само на село. Во 1912 год, Ален В. Џексон ја издал книгата Полудрвената куќа: Генеза, дизајн, современ план и изградба, и како резултат на тоа се појавиле многу полудрвени куќи во Род Ајленд или по улиците со палми во Беверли Хилс. Во 1920-тите години заради слабо рекламирање, популарноста на овој стил прилично се намалила.
Треба да се знае дека во стиловите на возобновата како тудорбетанскиот стил, полудрвениот изглед се должи на надворешна декорација, а не на внатрешната конструкција како кај вистинските полудрвени градби.
Статијата Фахверк е пример меѓу одбраните статии. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите одбрана статија. |