Атеизам
Од Википедија, слободна енциклопедија
Атеизам е став или доктрина без теистички верувања или со активно неверување во постоње на божества. Во античко доба, Епикурејците вклучувале аспекти на атеизам, но тие исчезнале од грчките и рисмки традиции со надоаѓањето на христијанството. Во времето на просветителството, концептот атеизам повторно се појавил како обвинение против оние што го доведувале религиозниот статус кво во прашање. До крајот на 18 век атеизмот станал филозофска позиција на растечко мнозинство. До 20 век, атеизмот станал најчеста позиција меѓу научниците, рационалистите и хуманистите.