Смеса
Од Википедија, слободна енциклопедија
Смесите се физички мешавини од чисти супстанции. Пооделните состојки на смесата се викаат фази. За разлика од чистите супстанции, смесите имаат променлив состав и својства. Својствата на смесата зависат од својствата и количествата на компонентите во смесата. При образување на смеса, пооделните состојки не го менуваат својот идентитет.
[уреди] Видови смеси
Смесите можат да бидат хомогени и хетерогени.
- Хомогени се смеси со еднороден состав во сите свои делови. Меѓу компонентите од хомогената смеса не се забележува видлива граница меѓу одделните фази. Примери за вакви смеси се воздухот, како и најголемиот број гасови, раствори и различни легури.
- Хетерогени се смеси со нееднаков состав во сите свои делови. Кај нив постои јасно видлива граница меѓу пооделните фази, кои, сами за себе се хомогени. Примери се: масло и вода, песок и вода, карпи со различни минерали, чадот итн.