Карпа
Од Википедија, слободна енциклопедија
Карпите се составни делови на литосферата составени од збир на повеќе минерали, иако во некои случаи можат да бидат составени само од еден минерал. Иако се создале на различни начини и на разни длабочини, тие може да се најдат на целата земјина површина, бидејќи се јавуваат во облик на површински пројави. Науката, пак, чиешто внимание е насочено кон настанокот, составот, особините и начинот на пројавување на карпите во Земјината кора се нарекува петрологија (грчки: petros-карпа). Сите карпи, според начинот на настанувањето, се делат на три основни групи: