Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions Кочо Рацин - Википедија

Кочо Рацин

Од Википедија, слободна енциклопедија

Кочо Рацин
Зголеми
Кочо Рацин

Кочо Рацин (Коста Солев Рацин, Koста Солев Апостолов) (Велес, 22 декември 1908 - Лопушник, 13 јуни 1943) е македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на македонската литература, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Загреб, 1939) претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Покрај со поезија, Рацин се занимаваше и со проза, а има напишано и неколку значајни трудови од областа на историја, филозофија и литературната критика.

Содржина

[уреди] Живот

Кочо Солев е роден во Велес на 22 декември 1908 година во семејството на Марија и Апостол Солеви. Притиснат од сиромаштијата и потребата од работна рака во грнчарската работилница на татко му, во 1918 година е принуден да го напушти редовното школување и да стане грнчар. Сепак, неговата желба за учење беше голема и тој продолжува да се самообразува.

Во 1924 станува член на СКОЈ и набрзо се истакнува како еден од најнадежните млади кадри на Комунистичката партија на Југославија во Македонија. Во 1926 Рацин станува член на Месниот комитет на СКОЈ за Велес, а во ноември 1928 учествува во работата на Четвртиот конгрес на КПЈ во Дрезден, како единствен делегат од Македонија. По враќањето во Југославија е уапсен, но по три месеци поради недостиг на докази е пуштен на слобода. Но набрзо, од април 1929 заминува на отслужување на воениот рок во Пожаревац.

По воведувањето на диктатура во Југославија во 1929, партиската организација во Македонија беше целосно разбиена. Дури во 1932 започнува процесот на обновување и поврзување на организациите на КПЈ и СКОЈ во Македонија, а во летото 1933 дојде и до формирање на Областен комитет на КПЈ за Македонија, во чиј состав влегоа: Никола Оровчанец, Живоин Ќурчиќ и - Кочо Рацин. Од ноември истата година ОК почна да го издава месечниот весник „Искра”, чиј уредник беше Рацин, но кој излезе само во два броја. На почетокот на јануари 1934 настана провала и 15 водечки македонски комунисти, вклучително и Рацин, беа уапсени. Рацин е осуден на 4 години робија во Сремска Митровица, но во декември 1935, по донесувањето на закон за амнестија, станува ослободен. Времето поминато во затворот за него всушност претставува период на универзитетско и национално образование. Меѓу другото, од дружењето со затворениците Моша Пијаде, Родољуб Чолаковиќ и Огњен Прица сфатил дека е важно да пишува на мајчин македонски јазик. Учествува и во преводот на „Комунистичкиот манифест“ на македонски јазик.

По излегувањето од затвор Рацин бележи особена творечка активност, која ќе кулминира во 1939 година кога Рацин ја објавува својата стихозбирка „Бели мугри“, но и пишува и објавува неколку статии и трудови од областа на литературната критика, филозофијата и историјата што од него ќе најправат најпознат македонски интелектуалец и прогресивен мислител на просторите на бивша Југославија. Сепак, новоздобиената слава и авторитет на Рацин ќе доживеат силен удар во 1940 година кога настана нарушување на односите помеѓу Рацин и раководството на КПЈ во Македонија. Поради посетата на Рацин на Александар Цветковиќ, тогашен бан на Вардарската бановина и поради една критичка изјава на Рацин на сметка на работата на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, на Покраинската конференција на КПЈ за Македонија одржана во септември 1940 (на која Методија Шаторов - Шарло беше избран за секретар на ПК КПЈ за Македонија), Рацин едногласно е исклучен од Партијата и на членовите на Партијата им е наредено да го бојкотираат. Бојкотот трае некаде до почетокот на 1942 кога односите помеѓу Рацин и раководството на Партијата во Македонија се подобруваат.

По капиталацијата на Југославија еден период работи во Софија и живее заедно со својот сограѓанин и истомисленик Коле Неделковски, но по неговата смрт се враќа во Скопје. Во Скопје беше набрзо уапсен од страна на бугарската полиција и интерниран во селото Корница, Неврокопско. Во 1943 година Рацин успева да се врати во Скопје и во пролетта заминува во партизани, во одредот „Кораб”. Станува уредник на партизанскиот весник „Илинденски пат” и подготвува две збирки на македонски народни песни.

Рацин го завршува животот на трагичен начин. Една вечер, додека се враќал во партизанската печатница на планината Лопушник, Кичевско, смртоносно беше застрелан од стражарот што го чуваше пристапот кон печатницата. Во оптек се две верзии околу неговата смрт. Според првата, се работи за несреќен случај: поради вродената наглувост Рацин не го чул повикот на стражарот да застане и да се идентификува, по што овој го истрелал смртоносниот куршум. Според втората верзија тој е намерно убиен.

Во чест на Кочо Рацин од 1964 во Велес се одржува поетската манифестација „Рацинови средби“, која од 1992 стана поетска манифестација на балканско ниво.

Родната куќа на Рацин во Велес е претворена во спомен - музеј.

[уреди] Творештво

Бели мугри
Зголеми
Бели мугри

Творештвото на Кочо Рацин опфаќа неколку области: поезија, проза, историски списи, филозофски списи и литературна критика. Својот најголем придонес го дава во областа на поезијата, особено со стихозбирката „Бели мугри“, но и во останатите области дава важни придонеси, кои главно се во сенка на неговото поетско творештво.

[уреди] Поезија

Рацин започнува да пишува во 1928 година. Од февруари до јули на својата љубов Рахилка Фирфова и' ги посветува своите љубовни стихови со крв и мастило на 31 дописна картичка и стихозбирката „Антологија на болката” останата во ракопис. Песните главно се напишани на српско-хрватски јазик, освен шест, кои се напишани на бугарски ("Разнеженост", "Рухнаха се надеждите мои", "Плач в безмощие", "Все пак... ", "Мечти в полунощ", "И пак тъга раздира ми гърдите"). Истата година во двобројот за октомври-ноември на загрепското списание „Критика“ е објавена неговата прва песна, „Синови глади”, напишана на српско-хрватски јазик. Од мај до октомври 1930 година во сараевското списание „Снага” објавува четири песни: „Из фабрике”, „У предвечерје”, „Челичном строју” и „Бити човек”. Во 1932 година во Скопје Рацин објавува заедничка стихозбирка со студентите на Филозофскиот факултет во Скопје, Јован Ѓорѓевиќ и Александар Аксиќ, на српски јазик под наслов „1932“. Во оваа збирка е објавена една од Рациновите најсилни песни „Ватромет”. Следна песна која ја објавува Рацин е песната „До еден работник”, која е прва песна на Рацин на македонски јазик, а ја објави загрепското списание “Књижевник” во 1936 година. Во 1938 година ја објавува песната „Смрт астуриског рудара“ по повод загинувањето на велешанецот Ганчо Хаџипанзов во Шпанската граѓанска војна, а својот најголемиот успех го постигнува во 1939 година со стихозбирката „Бели мугри”. Стихозбирката е испечатена во 4.000 примероци и се растура по цела тогашна Југославија и во Пиринска Македонија, постигнувајќи голем успех. Во овој оддел може да се спомне и збирката „Македонски народно-ослободителни песни“ која Рацин ја објавува мај 1943, во партизани, но на која тој е уредник, но не и автор.

[уреди] Проза

Рациновиот прв објавен прилог е неговата прозна исповест „Резултат“, објавена во двобројот за август-септември 1928 на загрепското списание „Критика“. Во 1932 година учествува на конкурсот на загрепската „Литература” и е награден за својот расказ „У каменолому“, кој подоцна е и објавен во ова списание. Во 1933 истото списание објавува фрагменти од неговиот роман „Опиум“ (преведен како „Афион“ на македонски). Овој роман Рацин почнал да го пишува околу 1931 година, но ракописот настрадал при провалата и апсењето на Рацин. Другите раскази на Рацин се: „Тутуноберачи“ (1937), „Пладне“ (1937), „Еден живот“ (1937), „Златен занает“ (1939), како и „Татко“ и „Радоста е голема“, кои се објавени постхумно.

[уреди] Историја

Од историјата Рацин покажа посебен интерес за богомилското движење и напиша три трудови посветени на него: „Драговитските богомили“, „Богомилите“ и „Селското движење на богомилите во Средниот век“. Од овие три, во текот на Рациновиот живот е објавен само „Селското движење...“, во 1939 година во списанието „Народна читанка“, а трудот „Богомилите“ е напишан на македонски јазик.

Овие Рациновите трудови за богомилите се одликуваат со значителен квалитет на проучувањето на материјата, при што самата материја доста студиозно е обработена, а не изостануваат и неколку доста продорни тези кои се посебно интересни. Меѓу нив посебно вреди да се одбележи Рациновата теза дека „богомилството е нешто најинтересно и најсветло во нашата народна историја“ („Богомилите“). Важно е да се нагласи и податокот дека Рацин е првиот Македонец што го проучувал богомилското движење.

[уреди] Филозофски прилози

Квалитетот и способностите на овој самоук работник најдобро го покажува неговото интересирање за Хегеловата филозофија. Настрана од фактот дека филозофијата на Хегел се одликува со посебна сложеност, позитивно изненадува и податокот дека Рацин се интересираше за овој германски идеалистички филозоф во времето кога овој Марксов учител во услови на растечка догматизација на комунистичкото движење под притисок на Сталин не беше на голема цена.

Како резултат на Рациновиот интерес за Хегел се неговите статии: „Хегел“, објавена во загрепската „Литература“ во 1931 година, и „Значењето на Хегеловата филозофија“, објавена во белградската „Нова култура“ во 1939 година. Посебен куриозитет е што овие Рацинови статии за Хегел се можеби првите филозофски статии на некој македонски теоретичар.

[уреди] Литературна критика

Од областа на литературната критика Рацин ги напишал следните трудови и статии: „Развитокот и значењето на една нова наша книжевност“ (1940), „Анѓелко Крстиќ пред судот на Ж. Пламенац“ (1939) и Реализмот на А. Крстиќ“ (постхумно), „Блазираните глупости за насмевката на Мона Лиза“ (1939) и „Уметноста и работничката класа“ (постхумно).

[уреди] Надворешни врски


Одлична статија Статијата Кочо Рацин е пример меѓу одбраните статии.
Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите одбрана статија.

Static Wikipedia (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu