Богомилство
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Крајот на 9 и почетокот на 10 век е означен со крупни промени во општествената структура на Македонските Словенски племиња. Во тоа време, територијата на македонските племиња влегува во состав на моќната феудална држава на Бугарскиот цар Симеон (823-927). По завладувањето, за да ја задржи власта, како и заради можноста за побрза и поефикасна експлоатација, и на овој простор е проширена воено-административната поделба, каква што веќе постоела во Бугарското царство. Тоа значело и забрзано распаѓање на родовските општини. Во овој процес била вклучена и црквата, која добивала поседи како подарок од владетелите. Така црквата почнала да станува една од најјаките феудални институции. Како крупен големопоседник, таа застанала на страна на монархијата, во одбрана на вака поставениот општествен поредок.
Околностите во кои се нашле Македонските Словени, посебно се влошиле во средината на 10 век, за време на владеењето на царот Петар (927-969), кога нагло биле зголемени даноците за големиот воено-административен апарат, кога ги завршил своите освојувачки походи. Во едни такви критични историски услови, се појавува силно народно движење, за верско и политичко ослободување - Богомилството. Во основа тоа претставува религиозно учење кое за своја база ги има дуалистичките еретички учења.
Богомилството е верско учење во средновековна Македонија и пошироко. Се појави како реакција социјалното раслојување што настана како резултат на воведувањето на феудализмот и на поддршката на власта од страна на официјалната христијанска црква. Богомилството било дуалистичко учење и тврделе дека реалниот свет го создал не Богот, туку ѓаволот. Го отфрлале крстот како свој верски симбол, не граделе цркви и своите обреди ги вршеле на отворен простор, ја осудувале црковната хиерархија и сметале дека Исус не бил Син божји, туку обичен човек. Името го добиле по попот Богомил, по кого, пак, е наречено селото Богомила.
Власта и официјалната христијанска црква жестоко ги прогонувале богомилите, поради што богомилството замрело. Покрај тоа ги палеле богомилските книги, поради што денес малку се знае за богомилството и тоа пред сè од списите на нивните противници, каде богомилските ставови се критикувани.