Клеточно јадро
Од Википедија, слободна енциклопедија
Само еукариотските клетки имаат морфолошки диференцирано јадро. Тоа е неопходна компонента на клетката, бидејќи содржи наследен материјал. Повеќето од клетките содржат едно јадро, а исклучително можат да содржат две (хепатоцити, некои праживотни) или повеќе јадра (клетките на напречно-пругастите мускули).
Формата на јадрото зависи од формата на клетката: во топчести и кубични клетки е топчесто, во издолжени клетки-овално. Понекогаш може да има и поинаква форма, на пример, кај некои видови леукоцити, кај кои е сегментирано.
Јадрото е составено од: јадрена обвивка, јадрен сок, јадренце и хроматин.