Хлор
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хемија > Хемиски елемент > H - He - Li - Be - B - C - N - O - F - Ne - Na - Mg - Al - Si - P - S - Cl - Ar - K - Ca - Sc - Ti - V - Cr - Mn - Fe - Co - Ni - Cu - Zn - Ga - Ge - As - Se - Br - Kr - Rb - Sr - Y - Zr - Nb - Mo - Tc - Ru - Rh - Pd - Ag - Cd - In - Sn - Sb - Te - I - Xe - Cs - Ba - La - Ce - Pr - Nd - Pm - Sm - Eu - Gd - Tb - Dy - Ho - Er - Tm - Yb - Lu - Hf - Ta - W - Re - Os - Ir - Pt - Au - Hg - Tl - Pb - Bi - Po - At - Rn - Fr - Ra - Ac - Th - Pa - U - Np - Pu - Am - Cm - Bk - Cf - Es - Fm - Md - No - Lr - Rf - Db - Sg - Bh - Hs - Mt - Ds - Rg - Uub - Uut - Uuq - Uup - Uuh - Uus - Uuo
|
Хлорот (грчки χλωρóς chloros, со значење бледозелен) е хемиски елемент со атомски број 17 и симбол Cl. Тој е халоген елемент, а се наоѓа во 17 група од периодниот систем. Како хлориден јон, кој е дел од натриум хлоридот (кујнската сол), тој е најраспространет во природата и е потребен на речиси сите животни форми, вклучувајќи ги и луѓето. Во својата елементарна форма при стандардни услови, хлорот е бледозелен гас кој е околу 2,5 пати погуст од воздухот. Има задушувачки мирис и е отровен. Хлорот е моќен оксиданс и се употребува во белењето и дезинфикацијата.
Содржина |
[уреди] Поважни карактеристики
Хлорниот гас е диатомен, со хемиската формула Cl2. Брзо се комбинира со речиси сите други елементи, без разлика на тоа што не е толку многу реактивен како флуорот. На 10 °C еден литар вода би растворил 3,20 литри на гасовит хлор, а при 30 °C само 1,77 литри.
Овој елемент е член на солоформирачките халогени серии од елементи и се екстрахира од хлориди преку оксидација, а често и преку електролиза. Како хлориден јон, Cl–, тој е најзастапената честица во океанската вода.
[уреди] Наоѓање
Во природата, хлорот се наоѓа главно како хлориден јон, состојка на солта што е складирана во земјата или, пак, растворена во океаните; околу 1,9% од масата на морска вода е хлоридни јони. Многу поголеми концентрации на хлоридни јони се најдени во Мртвото Море и во подземните соленоводни депозити. Повеќето хлоридни соли се растворливи во вода, и, како резултат на ова, минералите кои содржат хлориди најчесто можат да се најдат при сува клима или длабоко под земјата. Најпознати хлоридни минерали се халит (натриум хлорид), силвит (калиум хлорид) и карналит (калиум магнезиум хлорид хексахидрат).
Индустриски, елементарниот хлор се произведува со електролиза на натриум хлорид растворен во вода. Заедно со хлорот, овој хлороалкален процес дава водороден гас и натриум хидроксид според следната хемиска равенка:
[уреди] Соединенија
Соединенија во кои дел е хлорот се:
- хлориди
- хлорати (ClO3−)
- хлорити (ClO2−)
- хипохлорити (ClO−)
- перхлорати (ClO4−)
- хлорамини (NH2Cl)
Исто така, познати се и следните хлорни соединенија:
- Флуориди: хлор монофлуорид (ClF), хлор трифлуорид (ClF3), хлор пентафлуорид (ClF5)
- Оксиди: хлор диоксид (ClO2), дихлор моноксид (Cl2O), дихлор хептоксид (Cl2O7)
- Киселини: хлороводородна киселина (HCl), хлорна киселина (HClO3), перхлорна киселина (HClO4).
[уреди] Употреба на хлорот
Хлорот е важна хемикалија за некои процеси на пречистување на водата, дезинфекција и во белењето.
Во форма на HCl, тој се користи за уништување на бактериите и други микроби од водата за пиење и базените. Како и да е, во повеќето некомерцијални базени хлорот не се користи, туку мешавина на натриум хипохлорид. Хлорот се употребува и во производството на хартија, потоа како aнтисептик, растворувач, во боите итн.