Корча
Од Википедија, слободна енциклопедија
Корча (албански: Korçë или Korça; грчки: Κορυτσά; влашки: Cоrceaо; турски: Görice) е град и центар на истоимената префектура во југоисточниот дел на Република Албанија. Според пописот од 2003 г. во него живеат 60.000 жители и тој е петтиот по големина град во Албанија. Името на градот доаѓа од словенскиот збор Горица. Се спомнува во документ од 13 век (12 г.), кога Карло Први му го подарил на севастократорот П.Гропа селото Zuadigoriza (=Света Горица) во подрачјето на Девол.
Во Корча живее голема влашка заедница, како и бројно македонско население, а исто така и голем број на православни етнички албанци. Локалното радио од овој град емитува и програми на македонски јазик наменети за етничките македонци од тој крај.
Во Корча било отворено првото училиште на албански јазик во 1887 г., а во 1891 г. било отворено и првото училиште за девојчиња од страна на ароманскиот (влашкиот) учител Хараламбие Баламачи (подалечен роднина на Константин Белемаче, авторот на влашката химна), кој по отворањето на училиштата за Албанците, отворил и повеќе влашки училишта во Корча.
[уреди] Надворешни врски
Ова е недовршена статија за географија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |
Градови во Албанија | ||
---|---|---|
Бајрам Цури | Берат | Драч | Ѓирокастро | Елбасан | Ерсека | Химара | Каваја | Корча | Кукс | Лежа | Пешкопеја | Подградец | Саранда | Скадар | Тирана | Тропоја | Валона |