Албански јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
Албански јазик Gjuha shqipe |
|
---|---|
Се говори во: | Албанија, Србија и Црна Гора (Косово), Македонија, Грција, Турција, Италија и на други места (земји) |
Реон: | Југоисточна Европа |
Општ број на говорници: | 6,169,000 (според „Етнолог, 2000“) |
Ранглиста: | По 100-та позиција |
Класификација: | Индоевропски Албански јазик |
Официјална положба | |
Официјален јазик: | - Албанија - Српската покраина Косово - Делови на Македонија |
Контролиран од: | --- |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | sq |
ISO 639-2 | sqi |
SIL | ALS, ALN, AAE, AAT |
Албанскиот јазик е јазик кој го говорат приближно околу 6 милиони луѓе, првенствено во Албанија, Србија, Црна Гора (покраината Косово), Македонија но исто така и во некои други балкански држави, како и од емигрантски групи во Калабрија, Италија. Јазикот е еден, посебен огранок на Индоевропското јазично семејство. Во минатото за овој јазик во македонската терминологија се користеле и термините арнаутски, како и шиптарски јазик. Терминот „шиптарски“ денес се смета за навредлив, доколку е употребуван од неалбанци. Во речниците на Ѓорѓија Пулевски, јазикот се нарекува арбански.
Денешниот албански јазик како стандардна форма го има дијалектот на тоските, наспроти дијалектот на гегите кој и покрај стандардизацијата се уште масовно го користат гегскиот дијалект во Косово и делови на Македонија. Впрочем, се уште постои несогласување околу стандардизацијата на албанскиот јазик, а некои бараат повторна стандардизација во која би биле вклучени повеќе елементи од гегскиот дијалект. Некои исламистички националисти дури бараат во Косово да се земе како стандардна форма гегскиот дијалект со што албанскиот јазик би станал еден јазик со два официјални дијалекти. Инаку, лексичкиот фонд е главно латински, италијански, романски, грчки, македонски, српски и турски.